• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Девизно штедење по видување и орочено штедење



Девизното штедење по видување и ороченото девизно штедење на Комерцијална банка АД Скопје преку извонредните каматни стапки Ви нуди зголемување на износот на вложените девизи, во било која валута. Преку изборот на периодот на орочување и соодветната каматна стапка, имате можност самите да го креирате штедниот производ кој најмногу ќе Ви одговара.



За Вашиот девизен штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка во која во соодветната валута се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта за домашни лица и пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.


 

Каматни стапки


За девизните штедни влогови по видување и орочените влогови, Банката ја плаќа следната камата:



Валута:По видувањена 1 месецна 3 месецина 6 месецина 12 месецина 24 месецина 36 месеци
Еуро (EUR)0.01%0.02%0.04%0.05%0.30%0.80%1.10%
Американски долар (USD)0.01%0.02%0.04%0.05%0.10%0.20%0.40%
Фунта стерлинг (GBP)0.01%0.03%0.20%0.50%1.00%1.40%1.90%
Швајцарски франк (CHF)0.001%0.001%0.001%0.001%0.001%0.001%0.001%
Шведска круна (SEK)0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%
Норвешка круна (NOK)0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%
Јен (JPY)0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%
Данска круна (DKK)0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%0.01%
Канадски долар (CAD)0.01%0.04%0.09%0.14%0.17%1.00%1.20%
Австралиски долар (AUD)0.01%0.60%0.70%1.00%1.20%1.40%1.50%


Каматните стапки се на годишно ниво и се променливи. Каматата на орочените девизни штедни влогови на 3, 6, 12, 24 и 36 месеци, Банката ја плаќа во девизи:

  • на денот на истекот на рокот на орочување или
  • месечно, доколку орочениот штеден влог е со клаузула за месечно подигање на каматата.

За девизни влогови во ЕУР поголеми од ЕУР 50.000,00, Банката нуди стимулативни каматни стапки кои, во зависност од рочноста и висината на влогот, се движат од 0,19% - 2,60%.



Минимален износ на орочување

  • за орочување на 1 месец - 1,500.00 EUR или противвредност на 1,500.00 EUR во друга валута;
  • за орочување на 3, 6, 12, 24 и 36 месеци со месечни плаќања на камата - 5,000.00 EUR или противвредност на 5,000.00 EUR во друга валута.

 

Вкупните депозити на депонентите во банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението.



Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk