• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Отворено девизно штедење



Отвореното девизно штедење на Комерцијална банка АД Скопје е најфлексибилниот начин на штедење на Вашите девизни средства. Овој штеден производ овозможува повеќекратни уплати и подигнувања во текот на траењето на орочувањето, зависно од Вашите потреби. Валутата во која ќе штедите и рокот на орочување го избирате самите.


Минималниот износ за орочување е 50 ЕУР (или противвредност на друга валута).


Рокот на орочување е 3, 6 и 12 месеци.


Минимален износ за орочување

·   50 ЕУР (или противвредност на друга валута)

Рок на орочување

·   3 месеци

·   6 месеци

·   12 месеци

Поволности

·   повеќекратни уплати и подигнувања во текот на орочувањето

Начин на отворање

·   со лична карта или пасош, на сите шалтери на Банката



За Вашиот отворен девизен штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка во која во соодветната валута се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта за домашни лица и пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.



Каматни стапки


За отворените девизни штедни влогови, Банката ја плаќа следната камата:



Износ во EUR3 месеци6 месеци12 месеци
Од 50.00-1,500.00 EUR0.03%0.04%0.25%
Над 1,501.00 EUR0.04%0.05%0.35%
Износ во USD3 месеци6 месеци12 месеци
Од 50.00-1,500.00 EUR0.02%0.03%0.08%
Над 1,501.00 EUR0.04%0.05%0.10%
Износ во GBP3 месеци6 месеци12 месеци
Од 50.00-1,500.00 EUR0.10%0.40%0.90%
Над 1,501.00 EUR0.20%0.50%1.00%
Износ во CHF3 месеци6 месеци12 месеци
Од 50.00-1,500.00 EUR0.001%0.001%0.001%
Над 1,501.00 EUR0.001%0.001%0.001%
Износ во CAD3 месеци6 месеци12 месеци
Од 50.00-1,500.00 EUR0.08%0.13%0.16%
Над 1,501.00 EUR0.09%0.14%0.17%
Износ во AUD3 месеци6 месеци12 месеци
Од 50.00-1,500.00 EUR0.60%0.90%1.10%
Над 1,501.00 EUR0.70%1.00%1.20%


Комитентот може да преминува од една скала на орочување во друга, со автоматска промена на висината на каматната стапка.



Каматата се пресметува месечно и се исплаќа на крај од месецот - во рок од седум дена, во спротивно се припишува на влогот. Постои можност каматата да се префрла на тековна сметка, денарска книшка, MasterCard (сметано по среден курс) или девизна сметка по видување.


 

Вкупните депозити на депонентите во банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението.



Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk