• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Детско девизно штедење „Верверичка“



Детското штедење „Верверичка“ е отворено штедење наменето за деца до 12 години. Овој посебен штеден производ беше создаден со посебно внимание со цел кај децата да создаде навика за одговорен однос кон парите, а воедно и да им ги предочи предностите на штедењето. Покрај посебниот статус на производ наменет за деца, штедењето со „Верверичка“ носи извонредна каматна стапка со која штедниот влог може да нарасне во вистинска инвестиција за иднината на детето.


Минималниот износ за орочување е 15 ЕУР (или противвредност на друга валута).


Рокот на орочување е 3, 6 и 12 месеци.



При отвoрање на детски девизен штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка „Верверичка“ во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог, во соодветна валута. За отворање на штедна книшка доволно е присуство на еден родител и Извод од книгата на родени за детето.



При отворањето на книшката, Вашиот мал штедач ќе добие специјален подарок - касичка или детски паричник.



Отворањето на детските книшки се одвива во следните експозитури на Банката во Скопје: ГТЦ, Буњаковец, Партизанска, Карпош III, Ѓорче Петров, Капиштец, 11 Октомври, Драчево, Јане Сандански, Скопјанка, Автокоманда, Маџари, Цветан Димов, Централата на Банката, како и во сите филијали и експозитури на Банката низ Републиката.



Каматни стапки


За детските девизни отворени штедни влогови Банката ја плаќа следната камата:



Износ во EUR3 месеци6 месеци12 месеци
Од 15-50 EUR0.40%0.80%1.50%
Над 51 EUR0.50%0.90%1.60%
Износ во USD3 месеци6 месеци12 месеци
Од 15-50 EUR0.06%0.13%0.30%
Над 51 EUR0.08%0.15%0.40%
Износ во GBP3 месеци6 месеци12 месеци
Од 15-50 EUR0.30%0.70%1.20%
Над 51 EUR0.40%0.80%1.30%
Износ во CHF3 месеци6 месеци12 месеци
Од 15-50 EUR0.07%0.18%0.30%
Над 51 EUR0.09%0.20%0.40%
Износ во CAD3 месеци6 месеци12 месеци
Од 15-50 EUR0.08%0.18%0.60%
Над 51 EUR0.10%0.20%0.70%
Износ во AUD3 месеци6 месеци12 месеци
Од 15-50 EUR1.40%2.00%2.40%
Над 51 EUR1.50%2.10%2.50%


Штедачот може да преминува од една скала на орочување во друга, со автоматска промена на висината на каматната стапка.



Каматата се пресметува месечно и се исплаќа на крај од месецот - во рок од седум дена, во спротивно се припишува на влогот.


 

Вкупните депозити на депонентите во банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението.



Лица за контакт



Иван Карев, Шеф на Служба
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Сменоводител
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk