• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Детско денарско штедење „Верверичка“



Детското штедење „Верверичка“ е отворено штедење наменето за деца до 12 години. Овој посебен штеден производ беше создаден со посебно внимание со цел кај децата да создаде навика за одговорен однос кон парите, а воедно и да им ги предочи вредностите на штедењето. Покрај посебниот статус на производ наменет за деца, штедењето со „Верверичка“ носи извонредна каматна стапка со која штедниот влог може да нарасне во вистинска инвестиција за иднината на детето.


Минималниот износ за орочување е 1.000,00 денари.


Рокот на орочување е 3, 6 и 12 месеци.



При отвoрање на детски штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка „Верверичка“ во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. За отворање на штедна книшка доволно е присуство на еден родител и Извод од книгата на родени за детето.



При отворањето на книшката, Вашиот мал штедач ќе добие специјален подарок - касичка или детски паричник.



Отворањето на детските книшки се одвива во следните експозитури на Банката во Скопје: ГТЦ, Буњаковец, Партизанска, Карпош III, Ѓорче Петров, Капиштец, 11 Октомври, Драчево, Јане Сандански, Скопјанка, Автокоманда, Маџари, Цветан Димов, Централата на Банката, како и во сите филијали и експозитури на Банката низ Републиката.



Каматни стапки


За детските денарски отворени штедни влогови, Банката ја плаќа следната камата:



Износ во денари3 месеци6 месеци12 месеци
Од 1,000.00-3,000.000.08%0.30%1.00%
Од 3,001.00-10,000.000.09%0.35%1.10%
Над 10,001.000.10%0.40%1.20%


Штедачот може да преминува од една скала на орочување во друга, со автоматска промена на висината на каматната стапка.



Каматата се пресметува месечно и се исплаќа на крај од месецот - во рок од седум дена, во спротивно се припишува на влогот.

 
 

Вкупните депозити на депонентите во банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимум, разликата во износот, имате право да ја побарувате од стечајната маса на Банката.



Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk