• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Рентно орочено штедење

 

Поради начинот на пресметка и исплата на каматата ова е денарски штеден влог кој најмногу одговара за штедачите кои сакаат да остваруваат доплнителен месечен приход. Имено, каматата се пресметува и исплаќа секој месец на датумот на кој е орочен влогот и веднаш се става на располагање на денарската трансакциска сметка или на денарска книшка по видување.

 

За Вашиот денарски штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта или пасош за домашни лица и со пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

 

Каматните стапки се на годишно ниво и се променливи или фиксни во зависнот од рокот на орочување.

 

Орочени штедни влогови
со фиксна каматна стапка

Каматна стапка

Начин на исплата на камата

Важи од:

на 3 месеци

0.10%

месечно

01.04.2017

на 6 месеци

0.40%

месечно

01.04.2017

на 12 месеци

1.20%

месечно

01.04.2017

 

За денарските орочени штедни влогови на 24 и 36 месеци, Банката применува променлива каматна стапка, наведена подолу во Табелата:

 

За штеден влог орочен на 24 месеци 0,09 п.п. над  Референтната каматна  стапка

За штеден влог орочен на 36 месеци 0,49 п.п. над  Референтната каматна  стапка

 

на 24 месеци

2.30

месечно

01.04.2017

на 36 месеци

2.70

месечно

01.04.2017

 

 

Минималниот депозит за орочување со месечно подигање камата изнесува 100.000,00 денари.



 

Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законски пропишаниот максимиум, разликата во износот, имате право да ја побарувате од стечајната маса на Банката.

 



Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk