• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања


  • Општи услови



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Денарско штедење

  

Денарското штедење на Комерцијална банка АД Скопје е одличен начин за заштеда и зголемување на износот на Вашите вложени пари. Со исклучително поволните каматни стапки и целосната сигурност на Вашите пари, денарските штедни производи се најдобриот избор за вложување на вишокот средства. Со можноста за вложување и повлекување колку сакате и кога сакате, имате постојан пристап до парите.

  

Секој граѓанин кој сака да штеди може својот паричен депозит да го вложи во Банката. За штедниот влог вложен во Банката се издава штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта или со патна исправа за домашни лица и патна исправа за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

  

Постои можност со штедниот влог да управува и овластено лице. Овластувањето се врши на шалтерите на Банката, во присуство на двете страни - сопственикот на сметката и лицето кое се овластува. Лицата кои се наоѓаат во странство можат да издадат овластување во кое ќе бидат наведени личните податоци за сопственикот на влогот и лицето кое се овластува. Овластувањето треба да биде заверено во дипломатско-конзуларно претставништво во земјата каде се издава или кај овластен нотар во истата, заверено со Апостил печат.

  

Изборот на моделот на денарско штедење го правите согласно Вашите потреби. Информирајте се и одберете го моделот кој најмногу ќе Ви одговара:

 

 Каматни стапки

 

Каматните стапки на секој од моделите на денарско штедење Ви нудат одличен прилив на средства додека Вашите пари се чуваат на сигурно место. Каматите се зголемуваат зависно од периодот на орочување и истите се пропишани со деловната политика на Банката.

Банката нуди депозити со фиксни каматни стапки, кои се непроменливи во рокот на орочување и депозити со променлива каматна стапка, кај кои каматната стапка може да се смени во рокот на орочување, согласно измените на Референтна каматна стапка. Како Референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб - страницата на НБРМ(www.nbrm.mk) под називот „каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула". Банката на својата веб страница редовно ќе ја објавува важечка референтна каматна стапка.

 

 

Висината на променливата каматна стапка зависи од висината на Референтната каматна стапка и корективната компонента утврдена од страна на Банката. 

Овие елемeнти се пропишани и во дoговорите за штедни влогови што ги склучувате со Банката.

 

Во овој момент Референтна  стапка за денари изнесува 2,21%, а Референтната стапка-ЕУРИБОР за  евро изнесува 0% *.

 

Загубена, искината или уништена штедна книшка се амортизира, односно се огласува за неважечка и се издава нова книшка. Податоците за депозитите се деловна тајна на Банката.

  

Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимиум, за тој дел од изност кој го надминува тој максимум, имате законско право да го барате од стечајната маса на банката.

 

*Доколку референтната стапка ЕУРИБОР за евра има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00.



Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk