• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања


  • Општи услови



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Денарско штедење по видување и стандардно орочено штедење

 

Денарското штедење по видување и ороченото денарско штедење на Комерцијална банка АД Скопје се флексибилен начин за заштеда и зголемување на износот на Вашите вложени пари. Преку изборот на периодот на орочување и соодветната каматна стапка, имате можност самите да го креирате штедниот производ кој најмногу ќе Ви одговара.

 

За Вашиот денарски штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта за домашни лица и со пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

 

Каматни стапки


Каматните стапки се на годишно ниво и се фиксни за штедни влогови орочени на 1 м, 3 м, 6 м и 12 месеци и променливи за штедни влогови орочени на 24 м и 36 месеци. Каматата се пресметува и исплаќа на крајот на рокот на орочување.

 

Минимален износ за орочен денарски штеден влог е 1.000,00 денари.

 

Орочени штедни влогови
со фиксна каматна стапка

Каматна стапка

Начин на исплата на камата

Важи од:

По видување

0.01%

на крајот од календарската година

01.08.2015

на 1 месец

0.02%

по истек на рокот

01.04.2017

на 3 месеци

0.10%

по истек на рокот

01.04.2017

на 6 месеци

0.40%

по истек на рокот

01.04.2017

на 12 месеци

1.20%

по истек на рокот

01.04.2017

 

За денарските штедни влогови орочени на 24 и 36месеци, Банката применува променлива каматна стапка, наведена подолу во Табелата:

 

За штеден влог орочен на 24 месеци 0,09 п.п. над  Референтната каматна  стапка

За штеден влог орочен на 36 месеци 0,49 п.п. над  Референтната каматна  стапка

 

на 24 месеци

2.30%

по истек на рокот

01.04.2017

на 36 месеци

2.70%

по истек на рокот

01.04.2017

 

 

За денарски влогови поголеми од 1.000.000,00 денари Банката нуди стимулативни каматни стапки, кои, во зависност од рочноста и висината на влогот се движат од 0,17% - 4,30%.

 

Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимиум, за тој дел од износот имате право да го побарувате од стечајната маса.



Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk