• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Девизно штедење

 

 

Девизното штедење на Комерцијална банка АД Скопје е најбезбедниот начин за чување и зголемување на Вашите девизни средства. Создадени за која било валута и со исклучително поволни каматни стапки, девизните штедни производи се одличен избор за инвестирање во посигурна иднина. Со можноста за вложување и повлекување колку сакате и кога сакате, имате постојан пристап до парите.

 

Секој граѓанин кој сака да штеди може својот паричен депозит да го вложи во Банката. За штедниот влог во девизи вложен во Банката се издава девизна штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта или пасош за домашни лица и пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

 

Уплати на девизи на девизната сметка, односно книшка се врши во неограничен износ и согласно Законот за банки. Уплатите можат да бидат:

  • во ефективни странски пари;
  • од чекови кои гласат на конвертабилна валута;
  • од дознака од странство;
  • од заштеди од службени патувања.

 

 

Исплатите може да се вршат во ефективни странски пари, во денари, во чекови, како и дознаки за плаќање во странство за:

  • трошоци за патување во странство;
  • за увоз на стока за лична потреба и потреба на членовите на семејството;
  • купување на хартии од вредност;
  • набавка на стручна литература од странство;
  • лекување во странство;
  • трошоци за иселување од земјата;
  • судски трошоци направени за спорови во странство;
  • месечни трансфери за покривање на семејни животни трошоци.

 

 

Постои можност со штедниот влог да управува и овластено лице. Овластувањето се врши на шалтерите на Банката, во присуство на двете страни - сопственикот на сметката и лицето кое се овластува. Лицата кои се наоѓаат во странство можат да издадат овластување во кое ќе бидат наведени личните податоци за сопственикот на влогот и лицето кое се овластува. Овластувањето треба да биде заверено во дипломатско-конзуларно претставништво во земјата каде се издава или кај овластен нотар во истата.

 

Изборот на моделот на девизно штедење го правите согласно Вашите потреби. Информирајте се и одберете го моделот кој најмногу ќе Ви одговара:

 

Каматни стапки

 

Каматните стапки на секој од моделите на девизно штедење Ви нудат одличен прилив на средства додека Вашите пари се чуваат на сигурно место. Каматите се зголемуваат зависно од валутата и периодот на орочување и истите се пропишани со деловната политика на Банката.

 

 

Загубена, искината или уништена штедна книшка се амортизира, односно се огласува за неважечка и се издава нова книшка. Податоците за депозитите се деловна тајна на Банката.

 

  

Вкупните депозити на депонентите во банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимум, разликата во износот, имате право да ја побарувате од стечајната маса на Банката.



Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk