• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Рентно орочено штедење

 

Поради начинот на пресметка и исплата на каматата ова е девизен штеден влог кој најмногу одговара за штедачите кои сакаат да остваруваат доплнителен месечен приход. Имено, каматата се пресметува и исплаќа секој месец на датумот на кој е орочен влогот и веднаш се става на располагање на девизната книшка по  видување или девизната трансакциска сметка, во зависнот од Вашите потреби.

 

За Вашиот девизен штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта или со пасош за домашни лица и пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

 

Минимален износ на орочување  

 

  • за орочување на 3, 6, 12, 24 и 36 месеци – 5.000,00 EUR или противвредност на друга валута;

 

 

Каматни стапки

 

Каматата се пресметува и исплаќа секој месец на датумот на кој е орочен влогот.


За девизните штедни влогови по видување и орочените влогови, Банката ја плаќа следната камата:



Валута: на 3 месеци на 6 месеци на 12 месеци на 24 месеци на 36 месеци
Еуро (EUR) 0.04% 0.05% 0.30% 0.80% 1.10%
Американски долар (USD) 0.03% 0.04% 0.07% 0.10% 0.30%
Фунта стерлинг (GBP) 0.03% 0.04% 0.10% 0.15% 0.30%
Швајцарски франк (CHF) 0.001% 0.001% 0.001% 0.001% 0.001%
Канадски долар (CAD) 0.03% 0.04% 0.15% 0.30% 0.50%
Австралиски долар (AUD) 0.40% 0.50% 0.70% 0.80% 1.00%
DKK,SEK, NOK,YEN 0,01% 0,01% 0,01% 0,01% 0,01%



 

Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законски пропишаниот максимиум, разликата во износот, имате законско право да ја побарате од стечајната маса на Банката.



Лица за контакт



Марија Стојановски, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-178
Факс: (02) 3211-300
e-mail: marija.stojanovski@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk