• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања


  • Општи услови



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Девизно штедење

  

Девизното штедење на Комерцијална банка АД Скопје е одличен начин за заштеда и зголемување на износот на Вашите вложени пари. Со исклучително поволните каматни стапки и целосната сигурност на Вашите пари, девизните штедни производи се најдобриот избор за вложување на вишокот средства. Со можноста за вложување и повлекување колку сакате и кога сакате, имате постојан пристап до парите.

  

Секој граѓанин кој сака да штеди може својот паричен депозит да го вложи во Банката. За штедниот влог вложен во Банката се издава штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта или со патна исправа за домашни лица и патна исправа за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

  

Постои можност со штедниот влог да управува и овластено лице. Овластувањето се врши на шалтерите на Банката, во присуство на двете страни - сопственикот на сметката и лицето кое се овластува. Лицата кои се наоѓаат во странство можат да издадат овластување во кое ќе бидат наведени личните податоци за сопственикот на влогот и лицето кое се овластува. Овластувањето треба да биде заверено во дипломатско-конзуларно претставништво во земјата каде се издава или кај овластен нотар во истата, заверено со Апостил печат.

  

Изборот на моделот на девизно штедење го правите согласно Вашите потреби. Информирајте се и одберете го моделот кој најмногу ќе Ви одговара:

 

Каматни стапки

 

Каматните стапки на секој од моделите на девизно штедење Ви нудат одличен прилив на средства додека Вашите пари се чуваат на сигурно место. Каматите се зголемуваат зависно од периодот на орочување и истите се пропишани со деловната политика на Банката.

Банката нуди депозити со фиксни каматни стапки, кои се непроменливи во периодот на важење на договорот, и депозити со променлива каматна стапка, кај кои каматната стапка може да се смени во текот на траење на договорот за штеден влог, но согласно однапред дефинирани економски показатели.

 

Висината на променливата каматна стапка зависи од висината на Референтната каматна стапка- ЕУРИБОР за евра и корективната компонента утврдена од страна на Банката. 

Овие елемнти се пропишани и во дговорите за штедни влогови што ги склучувате со Банката.

 

 

 

Во овој момент Рефернетната стапка за  евра  изнесува -0,372% .

 

 Доколку референтната стапка има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00.

 

 

 Загубена, искината или уништена штедна книшка се амортизира, односно се огласува за неважечка и се издава нова книшка. Податоците за депозитите се деловна тајна на Банката.

  

Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимиум, за тој дел од изност кој го надминува тој максимум, имате законско право да го барате од стечајната маса на банката.



    Лица за контакт



    Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
    Телефон: (02) 3168-262
    Факс: (02) 3211-300
    e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

    Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
    Телефон: (02) 3168-189
    Факс: (02) 3211-300
    e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk