• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања


  • Општи услови



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Девизно штедење по видување и стандардно орочено штедење

 

Девизното штедење по видување и ороченото девзино штедење на Комерцијална банка АД Скопје се флексибилен начин за заштеда и зголемување на износот на Вашите вложени пари. Преку изборот на периодот на орочување и соодветната каматна стапка, имате можност самите да го креирате штедниот производ кој најмногу ќе Ви одговара.

 

За Вашиот девизен штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта или со пасош за домашни лица и пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

 

Каматни стапки

 

Каматните стапки се на годишно ниво и се фиксни за штедни влогови орочени на 1, 3, 6, 12, 24 и 36 месеци и важат за сите валути навдени во Табелата подолу, освен за валута ЕУР.

 

За девизините влогови во валута ЕУР,  фиксните каматни стапки важат само за роковите 1, 3, 6 и 12 месеци додека за влоговите орочени на 24 и 36 месеци каматните стапки се променливи.

 

Каматата се пресметува и исплаќа на крајот на рокот на орочување.

 

  • Минимален износ за орочување е: 15 ЕУР или противвредност на друга валута;

 


За девизните штедни влогови по видување и орочените влогови, Банката ја плаќа следната камата:



Валута: По видување на 1 месец на 3 месеци на 6 месеци на 12 месеци на 24 месеци на 36 месеци
Еуро (EUR) 0.01% 0.02% 0.04% 0.05% 0.30% - -

Американски долар (USD)

0.01%

0.01%

0.03%

0.04%

0.07%

0.10%

0.30%

Фунта стерлинг (GBP) 0.01% 0.02% 0.03% 0.04% 0.10% 0.15% 0.30%
Швајцарски франк (CHF) 0.001% 0.001% 0.001% 0.001% 0.001% 0.001% 0.001%
Канадски долар (CAD) 0.01% 0.02% 0.03% 0.04% 0.15% 0.30% 0.50%
Австралиски долар (AUD) 0.01% 0.30% 0.40% 0.50% 0.70% 0.80% 1.00%

 

Минимален износ на орочување

 

  • за орочување на 1 месец - 1.500,00 EUR или противвредност на 1,500,00 EUR во друга валута;

 

За девизните штедни влогови во валута ЕУР на период од 24 и 36 месеци, Банката применува променлива каматна стапка, наведена подолу во Табелата:

 

За штеден влог во ЕУР на 24 месеци Референтната стапка зголемена за 0,80 п.п.

За штеден влог во ЕУР на 36 месеци Референтната стапка зголемена за 1,10 п.п.

 

 

Рок на орочување Каматна стапка Исплата на камата Важи од
на 24 месеци 0.80 по истек на рокот 01.04.2017
на 36 месеци 1.10 По истек на рокот 01.04.2017

 

 

За девизни влогови поголеми од 50.000,00 евра Банката нуди стимулативни каматни стапки, кои, во зависност од рочноста и висината на влогот, се движат од 0,19% - 2,60%.


 

Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимиум, за тој дел од износот имате законско право да ја побарате од стечајната маса.



Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk