• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања


  • Општи услови



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Детско девизно штедење „Верверичка“

 

Детското штедење „Верверичка“ е штедење наменето за деца до 18 години. Овој посебен штеден производ беше создаден со посебно внимание со цел кај децата да создаде навика за одговорен однос кон парите, а наедно и да им ги предочи вредностите на штедењето. Покрај посебниот статус на производ наменет за деца, штедењето со „Верверичка“ носи извонредна каматна стапка со која штедниот влог може да нарасне во вистинска инвестиција за иднината на детето.

 

Минималниот износ за орочување е 15,00  евра.

 

  • за орочување на 1 месец - 1,500.00 EUR или противвредност на 1,500.00 EUR во друга валута;

 

Рокот на орочување е 1, 3, 6, 12, 24 и 36 месеци.


При отвoрање на детски штеден влог ќе Ви биде издадена посебно дизајнирана штедна книшка „Верверичка“ во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. За отворање на штедната книшка е доволно присуство на еден родител и Извод од книгата на родени за детето.


При отворањето на книшката, Вашиот мал штедач ќе добие специјален подарок - касичка или детски паричник.


Отворањето на девизните книшки се одвива на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

 

Каматни стапки

Каматните стапки се на годишно ниво и се фиксни за штедни влогови орочени на 1, 3, 6, 12, 24 и 36 месеци и важат за сите валути навдени во Табелата подолу, освен за валута ЕУР.

 

За орочени штедни влогови во валута ЕУР фиксните каматни стапки важат само за роковите 1, 3, 6 и 12 месеци додека за влоговите орочени на 24 и 36 месеци каматните стапки се променливи.

 

Каматата се пресметува и исплаќа на крајот на рокот на орочување.


За девизните штедни влогови по видување и орочените влогови, Банката ја плаќа следната камата:



Валута: По видување на 1 месец на 3 месеци на 6 месеци на 12 месеци на 24 месеци на 36 месеци
Еуро (EUR) 0.01% 0.02% 0.04% 0.05% 0.30% - -
Американски долар (USD) 0.01% 0.01% 0.03% 0.04% 0.07% 0.10% 0.30%
Фунта стерлинг (GBP) 0.01% 0.02% 0.03% 0.04% 0.10% 0.15% 0.30%
Швајцарски франк (CHF) 0.001% 0.001% 0.001% 0.001% 0.001% 0.001% 0.001%
Канадски долар (CAD) 0.01% 0.02% 0.03% 0.04% 0.15% 0.30% 0.50%
Австралиски долар (AUD) 0.01% 0.30% 0.40% 0.50% 0.70% 0.80% 1.00%

 

За девизните штедни влогови во валута ЕУР на период од 24 и 36 месеци, Банката применува променлива каматна стапка, наведена подолу во Табелата:

 

За штеден влог во ЕУР на 24 месеци Референтната стапка зголемена за 0,80 п.п.

За штеден влог во ЕУР на 36 месеци Референтната стапка зголемена за 1,10 п.п.

 

 

Рок на орочување Каматна стапка Исплата на камата Важи од
на 24 месеци 0.80 по истек на рокот 01.04.2017
на 36 месеци 1.10 по истек на рокот 1.04.2017

 

 

Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законски пропишаниот максимиум, разликата во износот, имате законско право да ја побарате од стечајната маса на Банката.

Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk