• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања


  • Општи услови



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Штеден влог со стимулативна каматна стапка

 

За клиентите на Банката кои имаат штедни влогови над ЕУР=50,000.00 Банката нуди т.н. стимулативни каматни стапки, со додавање на стимулативен додаток изразен во процентни поени над секоја од номиналните каматни стапки, определена за секој рок на орочување.

 

Оваа каматна стапка не се добива по автоматизам. Поради тоа, кога депозитот ќе го надмине овој минимум, треба да ја посетите централата на Банката или некоја од нашите експозитури, каде ќе склучите нов договор.

Доколку во текот на орочувањето дојде до зголемување на висината на влогот, производот предвидува автоматизам на преоѓање од една во друга повисока каматна група и во тој случај не е потребно склучување нов договор.

Истото правило важи кога висината на влогот се намалува се до пропишаниот минимум од ЕУР=50,000.00.

Доколку износот на депозитот се намали под наведениот минимум, се губи правото на стимулативен додаток.  За да се вратите на овој производ ќе треба да се склучи нов договор.

 

Висината на каматната стапка зависи од висината на влогот и рокот на орочување.
 

Кај штедните влогови со променлива каматна стапка, основната каматна стапка и стимулативниот додаток, може да се менуваат во текот на целиот период на важење на договорот за орочување.

Каматната стапка е променлива поради повеќе фактори кои се веќе наведени погоре во текстот во делот Каматни стапки.

Стимулативниот додаток е променлив и зависи од висината на штедниот влог, согласно понудата на распони што ја нуди Банката за овој вид на штеден производ.

 

Кај штедните влогови со фиксна каматна стапка, основната каматна стапка останува непроменета во целиот период на важење на договорот, додека стимулативниот додаток е променлив и зависи од висината на штедниот влог, согласно понудата на распони што ја нуди Банката.

Банката еднаш годишно може да ја ревидира основната каматна стапка. Доколку дојде до измена на оваа стапка, истата ќе важи само за сите дополнителни уплати на веќе отворените штедни влогови.

Главната причина за корекција на основната камата се веќе споменати погоре во текстот во делот Каматни стапки.


Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk