• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Автомобилски кредит (со залог на возило)


Наменет за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос или пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката.



Намена купување на нови возила од фирми продавачи на возила
Износ на кредитот зависи од кредитната способност и износот на фактурата
Учество минимум 20% од вредноста на возилото
Рок на отплата до 7 години
Номинална каматна стапка

За денарски кредити

  • 9,5% за кредит со учество поголемо од 30% (референтна каматна стапка од 2,21% зголемена за 7,29%)*
  • 10% за кредит со учество помало од 30% (референтна каматна стапка од 2,21% зголемена за 7,79%)* 

За девизни кредити

  • 7,55% за клиенти на Банката годишна, променлива со еур клаузула (Едномесечен ЕУРИБОР + 7,55%, но не помалку од 7,55%)**
  • 7,6% за лица кои не се клиенти на Банката годишна, променлива со еур клаузула (Едномесечен ЕУРИБОР + 7,6%, но не помалку од 7,6%)**

*Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk)  на  секој 25.06. и на секој  25.12.  под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 2,21%.  Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА

**Стапката на едномесечниот ЕУРИБОР ќе биде објавена на секој 31.12. и на секој 30.06. на веб-страницата на Банката  и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието) ТУКА . Доколку стапката  има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00
 
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
  • од 10,24% до 10,79% годишна за денарски кредит
  • од 8,14% до 8,43% годишна за денарски кредит со еур клаузула

    (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка). Нотарските трошоци, трошоците за упис на заложното право во соодветната јавна книга и трошоците за автокаско осигурување на заложеното возило не се влучени во пресметката СВТ и паѓаат на товар на корисникот на кредитот.

Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
  • во кредитот може да се вклучат уште еден кокредитобарател кој не мора да е во роднинска врска, но мора да е кредитоспособен
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
  • средствата се исплаќаат на жиро-сметка на фирмата - продавач на возило
Трошоци за кредитот
  • 0,75% од износот на кредитот за денарски кредит (минимум 500,00 денари) 1% од износот на кредитот за денарски кредит со ЕУР клаузула за клиенти на Банката (минимум 500,00 денари) 1,5% од износот на кредитот за денарски кредит со ЕУР клаузула за лица кои не се клиенти на Банката (минимум 500,00 денари)
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • трошоци за меница 
  • Нотарски и адвокатски трошоци за Договорот за залог согласно соодветната Тарифа 
  • трошоци за упис на заложно право врз возилото во корист на Банката во соодветната јавна книга
  • трошоци за автокаско осигурување на заложеното возило
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Обезбедување
  • административна забрана од плата
  • меница и менична изјава
  • Договор за залог на возилото во корист на Банката
  • Полиса за автокаско осигурување на заложеното возило, винкулирана во корист на Банката и обновувана за целото времетраење на кредитот
Потребна документација
  • барање за кредит
  • профактура од продавачот
  • копија од валидна лична карта
  • извод од матична книга на родени/венчани како доказ за сродство
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката, образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка не е потребна солвентност)
  • за пензионери – талон од последната пензија


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk