• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит за патничко возило


Доколку сакате да купите старо или ново возило, ние Ви нудиме различни кредити, во зависност од износот на средствата кои Ви се потребни, но и од Вашите можности.


За кредит без Ваше учество, потребно е да обезбедите хипотека на недвижен имот.


Доколку се одлучите за кредит со 20% учество од вредноста на возилото, како обезбедување за кредитот Ви се потребни: еден или двајца жиранти или, пак, залог на возило, во зависност од износот на кредитот. Вие самите ги креирате условите.


Кредитот е наменет за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос или пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката.



Намена за купување на возила од фирми продавачи на возила
Износ на кредитот зависи од кредитната способност на барателот и вредноста на возилото
Учество минимум 20% од вредноста на возилото
Рок на отплата
  • До 72 месеци
  • До 120 месеци за кредити обезбедени со хипотека на недвижен имот
  • До 60 месеци за користени возила (доколку возилото се става под залог) при што рокот на враќање ќе се определува обратнопропрционално од староста на возилото, и тоа:
- старост на возилото до 12 месеци - рок на враќање до 60 месеци
- старост на возилото до 24 месеци - рок на враќање до 48 месеци
- старост на возилото до 36 месеци - рок на враќање до 36 месеци
- старост на возилото до 48 месеци - рок на враќање до 24 месеци
- старост на возилото до 60 месеци - рок на враќање до 12 месеци
Номинална каматна стапка
  • 11,15% за кредит обезбеден со жиранти или залог на возило (годишна, променлива со денарска клаузула)
  • 8,5% за кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот (годишна, променлива со денарска клаузула)
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) од 9,06% до 13,26% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка). Нотарските трошоци, трошоците за упис на заложното право во соодветната јавна книга, трошоците за автокаско осигурување на заложеното возило (за кредити обезбедени со залог на возило во корист на Банката) и трошоците за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици (за кредитите обезбедени со залог на недвижен имот во корист на Банката) не се влучени во пресметката СВТ и паѓаат на товар на корисникот на кредитот.
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот  
Критериуми
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на жирантите не смее да надминува 62 години за жени и 64 години за мажи
  • во кредитот може да се вклучат уште двајца кредитобаратели кои не мора да се во роднинска врска, но мора да се кредитоспособни
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
  • средствата се исплаќаат на трансакциска сметка на фирмата - продавач на возило
Трошоци за кредитот за кредит обезбеден со жиранти
  • 0,5% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
  • 200,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • трошоци за меница
  • трошоци за автокаско осигурување на возилото
за кредит обезбеден со залог на возило
  • 0,5% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
  • 200,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • трошоци за меница
  • нотарска награда за солемнизација на договорот за залог согласно нотарската тарифа
  • трошоци за упис на заложно право врз возилото во корист на Банката во соодветната јавна книга
  • трошоци за автокаско осигурување на заложеното возило
за кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот
  • 0,5% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата
  • 2.000,00 денари за проценка на вредноста на недвижниот имот (за секоја поединечна проценка) 
  • нотарска награда за солемнизација на договор за залог согласно нотарската тарифа 
  • трошоци за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветна јавна книга 
  • трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици 
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
 
Обезбедување за кредит до 5.000 ЕУР (во денарска противвредност)
  • еден жирант
  • административна забрана од плата
  • полиса за каско-осигурување винкулирана во полза на Банката и обновувана за целото времетраење на кредитот
за кредит до 10.000 ЕУР (во денарска противвредност)
  • двајца жиранти
  • административна забрана од плата за кредитокорисниците и за жирантите
  • полиса за каско-осигурување винкулирана во полза на Банката и обновувана за целото времетраење на кредитот
за кредит над 10.000 ЕУР (во денарска противвредност) кредит со залог на возило
  • административна забрана од плата за кредитокорисниците
  • рачна залога на возило во полза на Банката
  • полиса за каско-осигурување винкулирана во полза на Банката и обновувана за целото времетраење на отплата на кредитот
кредит со хипотека на недвижен имот
  • административна забрана од плата за кредитокорисниците
  • хипотека на недвижен имот (140% од износот на кредитот)
  • полиса за осигурување на недвижен имот винкулирана во полза на Банката и обновувана за целото времетраење на отплата на кредитот
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копија од валидни лични карти за сите учесници во кредитот
  • извод од матична книга на родени/венчани како доказ за сродство
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката, образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка не е потребна солвентност)
  • за пензионери – талон од последната пензија
  • профактура од продавачот
Дополнителна документација за кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот
  • имотен лист за недвижниот имот што се нуди како обезбедување
 
Дополнителна документација за кредит за купување на користено возило
  • сообраќајна дозвола која гласи на име на фирмата - продавач на возилото
  • проценка на вредноста на возилото извршена од страна на фирмата - продавач на возилото
 


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Шеф на служба за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Повисок самостоен референт
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk