• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит за школување



Комерцијална банка АД Скопје одобрува кредити за плаќање на трошоци за школување во земјата или во странство.


Кредитобарател може да биде кредитоспособно физичко лице во редовен работен однос или пензионер кој ја прима пензијата на трансакциска сметка во Банката.


Кредитот за школување може да го користи кредитобарателот или било кој член од неговото потесно семејство, кој е запишан на една од следните видови институции, во земјата или во странство:
  • институции за средно образование;
  • високообразовни институции;
  • регистрирани образовни центри во РМ.


Намена плаќање на трошоци за школување
Износ на кредитот до 3.500 ЕУР (во денарска противвредност)
Рок на отплата до 3 години
Номинална каматна стапка 9% годишна
  • фиксна за период на отплата до 6 месеци
  • променлива за период на отплата над 6 месеци
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 10,02% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
  • без жиранти
  • во кредитот може да се вклучат уште двајца кредитобаратели кои не мора да се во роднинска врска, но мора да се кредитоспособни.
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
  • средствата од кредитот за средно образование, редовни студии и образование во регистрирани образовни центри се пренесуваат на трансакциска сметка на среднообразовната, високообразовната институција или образовниот центар
  • средствата од кредитот за специјалистички и постдипломски студии се пренесуваат на сметка на кредитобарателот
  • за плаќање трошоци за странство средствата се пренесуваат на сметка на корисникот на кредит, при што Банката врши продажба на странски ефективни пари во валута на која гласи фактурата во висина на денарска противредност на кредитот и го спроведува плаќањето во странство
Трошоци за кредитот
  • 0,5% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • трошоци за меница
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Обезбедување
  • административна забрана од плата
  • сопствена меница и менична изјава
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копии од валидни лични карти за сите учесници во кредитот
  • извод од матична книга на родени/венчани како доказ за сродство
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката, образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка не е потребна солвентност)
  • за пензионери – талон од последната пензија
  • за средно или високо образование – фактура или друг документ во кој е наведена висината на потребните средства
  • за постдипломски или специјалистички студии – доказ за извршен упис

Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk