Туристички кредит
Комерцијална банка АД Скопје одобрува кредити за плаќање на трошоци за туристички патувања во земјата и во странство.
Кредитобарател може да биде кредитоспособно физичко лице во редовен работен однос или пензионер кој ја прима пензијата на трансакциска сметка во Банката.
| Намена |
плаќање трошоци за туристички патувања |
| Износ на кредитот |
до 150.000,00 денари |
| Рок на отплата |
до 2 години |
| Номинална каматна стапка |
11,5% годишна, со денарска клаузула |
| Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) |
12,96% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка) |
| Предвремена отплата |
Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот |
| Критериуми |
- месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот
- при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
- без жиранти
- во кредитот може да се вклучи уште еден кредитоспособен кокредитобарател.
За кокредитобарател кој не е член на потесното семејство на кредитобарателот, при пресметка на кредитната способност ќе се земе предвид само 1/2 од слободните месечни примања на кокредитобарателот
|
| Исплата |
- максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
- средствата се исплаќаат на трансакциска сметка на туристичката агенција
|
| Трошоци за кредитот |
- 0,5% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
- 200,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
- трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот.)
- трошоци за меница
|
| Начин на отплата |
- месечни ануитети
- достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
|
| Обезбедување |
- административна забрана од плата
- сопствена меница и менична изјава
|
| Потребна документација |
- барање за кредит
- копии од валидни лични карти за сите учесници во кредитот
- извод од матична книга на родени/венчани како доказ за сродство
- за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката, образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка не е потребна солвентност)
- за пензионери – талон од последната пензија
- профактура или фактура од туристичка агенција во Република Македонија, која поседува лиценца А
|
Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит
|
Лица за контакт
Наташа Баљук Ристовска, Шеф на служба за одобрување и користење на кредитиТелефон: (02) 3107-481e-mail: Јулијана Никчевска, Повисок самостоен референтТелефон: (02) 3107-408e-mail: