• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит преку трговци 


Доколку Ви се потребни финансиски средства за купување трајни потрошувачки добра преку трговци, овој денарски наменски кредит е вистинското решение за Вас.


Кредитот е достапен за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос или пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката.



Намена плаќање на трошоци за купување трајни потрошувачки добра преку трговци
Износ на кредитот од 8.000,00 денари до 350.000,00 денари
Рок на отплата
  • 4 години за кредит од 8.000,00 до 150.000,00 денари
  • 6 години за кредит над 150.000,00 до 350.000,00 денари
Номинална каматна стапка
  • 7,9% годишна, за кредитобаратели кои примаат плата или пензија преку трансациска сметка во Банката
  • 8,5% годишна, за останати кредитоспособни физички лица
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) од 8,67% до 9,59% (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на жирантите не смее да надминува 62 години за жени и 64 години за мажи  
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
  • средствата се исплаќаат на трансакциска сметка на трговецот кој ја издава про-фактурата
Трошоци за кредитот
  • 1% од износот на кредитот
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • трошоци за меница
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Обезбедување
  • административна забрана од плата
  • меница и менична изјава
  • без жиранти за кредит до 150.000,00 денари
  • еден жирант за кредит над 150.000,00 денари
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копии од валидни лични карти
  • профактура или фактура од трговецот
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност)
  • за пензионери – талон од последна пензија


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk