• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит за подобрување на енергетска ефикасност со ЕУР клаузула


Кредитот е достапен за кредитоспособни физички лица во редовен работен однос кои примаат плата на трансакциска сметка во Комерцијална банка АД Скопје.


Намена
  • замена на прозорци и надворешни врати
  • вградување на термо-изолационен материјал на ѕидни, подни и кровни површини
  • модернизација на системи за ладење и греење во станбени објекти
  • купување на енергетски ефикасни уреди за домаќинството и бела техника
Износ на кредитот до 8.000,00 евра (во денарска противвредност)
Рок на отплата 7 години
Номинална каматна стапка

4,9% годишна, променлива (Едномесечен ЕУРИБОР +4.9%, но не помалку од 4,9%)* 

*Стапката на едномесечниот ЕУРИБОР ќе биде објавена на секој 31.12. и на секој 30.06. на веб-страницата на Банката  и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието) ТУКА. Доколку стапката  има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00 
 
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 5,13% (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
  • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на издавачот на про-фактурата 
Трошоци за кредитот
  • 1.000,00 денари еднократно, надомест за одобрување и администрирање на кредит
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • трошоци за меница
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Обезбедување
  • административна забрана од плата
  • меница и менична изјава
  • без жиранти
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копија од валидна лична карта
  • профактура или фактура од правното лице
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност)


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk