• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Тип – Топ потрошувачки кредит


 

Тип–Топ потрошувачкиот кредит е наменет за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос во јавната администрација или фирми прифатливи за Банката, кои примаат плата на трансакциска сметка во Комерцијална банка АД Скопје, пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во Банката, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување на законска старосна граница. Кредитобарателите неопходно е да примаат плата/пензија во износ повисок од 12.000 денари и да имаат најмалку два производа за физички лица во Банката (дебитна картичка, кредитна картичка, штеден влог или кредит).

 
Доколку кредитобарателот ги исполнува критериумите на Банката, кредитот се одобрува во рок од 24 часа по комплетирање на документацијата.


Износ на кредитот до 900.000,00 денари
Рок на отплата до 7 години
Номинална каматна стапка 10,95% годишна, променлива со денарска клаузула
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 12,28% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • месечни примања во износ повисок од 12.000 денари
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот 
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години, освен за кредитобаратели пензионери кои не треба да надминуваат 62 години за жени и 64 години за мажи
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
  • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот
Трошоци за кредитот
  • 2% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • трошоци за меница 
Обезбедување
  • административна забрана на плата или траен налог за фирми што не издаваат административна забрана
  • траен налог за кредитобаратели пензионери
  • меница и менична изјава
  • без жиранти за кредит до 450.000,00 денари (По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување - еден кредитоспособен жирант)
  • двајца жиранти за кредит од 450.000,00 до 900.000,00 денари
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копија од валидна лична карта
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност)
  • за пензионери - талон од последна пензија


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk