• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредити врз основа на меница без жиранти


Кредитот е наменет за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос кои примаат плата на трансакциска сметка во Комерцијална банка АД Скопје.



Износ на кредитот

до 300.000,00 денари

Рок на отплата до 66 месеци
Номинална каматна стапка

11,25% годишна, променлива (референтна каматна стапка од 2,21% зголемена за 9,04%)*

*Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk)  на  секој 25.06. и на секој  25.12.  под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 2,21%.  Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА
 
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 12,87% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
  • без жиранти
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
  • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот
Трошоци за кредитот
  • 2% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • трошоци за меница
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Обезбедување
  • административна забрана на плата
  • меница и менична изјава
  • По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување - еден кредитоспособен жирант чија третина од вкупните месечни примања ќе го покрива месечниот ануитет.
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копија од валидна лична карта
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност)


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk