Кредити врз основа на меница без жиранти
Кредитот е наменет за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос кои примаат плата на трансакциска сметка во Комерцијална банка АД Скопје.
| Износ на кредитот |
- до 200.000,00 денари (за кредитобаратели со месечни примања повисоки од 15.000,00 денари)
- до 150.000,00 денари (за кредитобаратели со месечни примања пониски од 15.000,00 денари)
|
| Рок на отплата |
до 4 години |
| Номинална каматна стапка |
11,4% годишна, променлива со денарска клаузула |
| Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) |
13,42% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка) |
| Предвремена отплата |
Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот |
| Критериуми |
- месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот
- при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
- без жиранти
|
| Исплата |
- максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
- средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот
|
| Трошоци за кредитот |
- 2% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
- 200,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
- трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
- трошоци за меница
|
| Начин на отплата |
- месечни ануитети
- достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
|
| Обезбедување |
- административна забрана на плата
- меница и менична изјава
- По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување - еден кредитоспособен жирант чија третина од вкупните месечни примања ќе го покрива месечниот ануитет.
|
| Потребна документација |
- барање за кредит
- копија од валидна лична карта
- за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност)
|
Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит
|
Лица за контакт
Наташа Баљук Ристовска, Шеф на служба за одобрување и користење на кредитиТелефон: (02) 3107-481e-mail: Јулијана Никчевска, Повисок самостоен референтТелефон: (02) 3107-408e-mail: