• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Потрошувачки кредит до 300.000,00 денари за физички лица кои не се клиенти на Банката


Потрошувачкиот кредит е наменет за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос во фирми прифатливи за Банката, кои не се клиенти на Банката (не примаат плата на трансакциска сметка во Банката), а кои имаат месечни примања над 15,000,00 денари.



Износ на кредитот до 300.000,00 денари
Рок на отплата до 5 години
Номинална каматна стапка

11,25% годишна, променлива (референтна каматна стапка од 2,21% зголемена за 9,04%)*

*Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk)  на  секој 25.06. и на секој  25.12.  под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 2,21%.  Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА
 
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 13,29% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • месечни примања во износ повисок од 15.000 денари,
  • месечниот ануитет треба да е покриен со 1/3 од вкупните слободни месечни примања,
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години,
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на жирантите не смее да надминува 62 години за жени и 64 години за мажи.
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување,
  • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот,
Трошоци за кредитот
  • 2% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот),
  • трошоци за меница,
Обезбедување
  • административна забрана на плата,
  • меница и менична изјава
  • без жиранти (По извршена кредитна анализа, Банката може да побара дополнително обезбедување - еден кредитоспособен жирант).
Начин на отплата
  • месечни ануитети,
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот.
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копија од валидна лична карта
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност)


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит.



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk