• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Готовински кредит за пензионери плус




Намена за пензионери кои примаат пензија на сметка во Банката и ги исполниле услови за старосна пензија согласно законските прописи
Минимум пензија 9.000,00 денари
Износ на кредитот до 500.000,00 денари
Рок на отплата до 5 години
Номинална каматна стапка
7,9% годишна, променлива (референтна каматна стапка од 2,21% зголемена за 5,69%)*

*Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk)  на  секој 25.06. и на секој  25.12.  под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 2,21%.  Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА
 
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 9,18% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните приходи на кредитобарателот
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 72 години
  • кредитобарателите треба да поседуваат дебитна картичка издадена од Банката и/или да се корисници на електронско банкарство
  • жирантите треба да бидат вработени во фирми прифатливи за Банката, а при доспевање на последниот ануитет, возраста на жирантите не смее да надминува 62 години за жени и 64 години за мажи.
Обезбедување
  • За кредит до 100.000,00 денари без жирант.
  • За кредит над 100.000,00 денари до 300.000,00 денари потребен е 1 кредитоспособен жирант
  • За кредит над 300.000,00 денари до 500.000,00 денари потребни се 2-ца кредитоспособни жиранти
  • траен налог од сметка на кредитобарателот
  • административна забрана на плата од жирантот/ите за кредит над 100.000,00 денари
  • меница и менична изјава потпишана од кредитобарателот и жирантот/ите
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
  • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот
Трошоци за кредитот
  • 2% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • трошоци за меница
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копии од валидни лични карти
  • талон од последната пензија


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит.



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk