• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Потрошувачки кредит до 600.000 денари без жиранти

 

Кредитот е наменет за кредитоспособни физички лица во редовен работен однос во јавната администрација, дипломатски странски претставништва во РМ или фирми прифатливи за Банката, кои примаат плата на трансакциска сметка во Комерцијална банка АД Скопје во износ повисок од 18.000 денари и имаат најмалку три производи за физички лица во Банката (дебитна картичка, кредитна картичка, штеден влог, кредит, електронско банкарство или SMS банкарство).

Доколку кредитобарателот ги исполнува критериумите на Банката, кредитот се одобрува во рок од 24 часа по комплетирање на документацијата.


Износ на кредитот до 600.000,00 денари
Рок на отплата до 8 години
Номинална каматна стапка 9,25% годишна, променлива со денарска клаузула
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 10,15% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • месечни примања во износ повисок од 18.000 денари
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на жирантите не смее да надминува 62 години за жени и 64 години за мажи
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
  • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот
Трошоци за кредитот
  • 1,5% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • трошоци за меница
Обезбедување
  • административна забрана на плата или траен налог за фирми што не издаваат административна забрана
  • меница и менична изјава
  • без жиранти (По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување - еден кредитоспособен жирант)
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копија од валидна лична карта
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност)


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Шеф на служба за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Повисок самостоен референт
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk