• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ДО 10.000,00 ЕВРА СО ЕУР КЛАУЗУЛА

ПРОМОТИВНО ДО 31.12.2017
-0% надомест за одобрување и администрирање на сите новоодобрени барања за кредит во периодот до 31.12.2017 година
 
Кредитот е наменет за нови или постојни кредитоспособни клиенти на Банката во редовен работен однос во јавната администрација, дипломатски странски претставништва во РМ или во фирми прифатливи за Банката, кои примаат плата на трансакциска сметка во Банката, пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во Банката, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница. Кредитобарателите е потребно да примаат плата/пензија во износ повисок од 15.000 денари и имаат најмалку три производи за физички лица во Банката (дебитна картичка, кредитна картичка, штеден влог, кредит, електронско банкарство или SMS банкарство).

Доколку кредитобарателот ги исполнува критериумите на Банката, кредитот се одобрува во рок од 24 часа по комплетирање на документацијата.

 
Износ на кредитот  До 10.000 ЕУР во денарска противредност
Рок на отплата до 90 месеци
Номинална каматна стапка
6% годишна, фиксна  за првата година
7,6%
годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 7,44% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • месечни примања во износ повисок од 15.000 денари,
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот, 
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години, освен за кредитобаратели пензионери кои не треба да надминуваат 62 години за жени и 64 години за мажи

Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување,
  • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот.  
Трошоци за кредитот
  • 0% надомест за одобрување на кредитот (во промотивниот период до 31.12.2017 година)
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот),
  • трошоци за меница
  • 2% надомест за сите одобрени барања за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити во Банката (минимум 500,00 денари, максимум 150.000,00 денари)
Обезбедување
  • административна забрана на плата или траен налог за фирми што не издаваат административна забрана,
  • траен налог за кредитобаратели пензионери,
  • меница и менична изјава,
  • без жиранти (По извршена кредитна анализа, Банката може да побара дополнително обезбедување - еден кредитоспособен жирант).
Начин на отплата
  • месечни ануитети,
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот.
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копија од валидна лична карта
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност)
  • за пензионери - талон од последна пензија


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит.



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk