• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит врз основа на залог на депозит


За овој кредит може да аплицираат полнолетни физички лица кои ќе заложат денарски или девизен депозит во Банката.




Износ на кредитот
  • 95% од износот на депонираниот депозит, доколку депозитот е во денари
  • 90% од износот на депонираниот депозит, доколку депозитот е во друга валута.
  • Рок на отплата
    • за кредити обезбедени со депозит во денари или ЕУР:
      до 120 месеци за кредити до 10,000 евра во денарска противредност, односно до 180 месеци за кредити над 10,000 евра во денарска противредност.
    • за кредити обезбедени со депозит  во останати валути:
      до 90 месеци.
    Номинална каматна стапка 2% годишна, фиксна со денарска клаузула
    Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 2,12% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
    Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
    Критериуми Кредитобарателот не мора да биде во работен однос и нема ограничувања во однос на максималната возраст и висината на месечните примања
    Исплата
    • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
    • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот
    Трошоци за кредитот
    • 0,5% од износот на кредит до 3.000.000,00 денари доколку рокот на отплата е подолг од 12 месеци (минимум 500,00 денари, максимум 150.000,00 денари) 
    • 0,3% од износот на кредит до 3.000.000,00 денари доколку рокот на отплата е до 12 месеци (минимум 500,00 денари, мак.симум 150.000,00 денари) 
    • 0,25% од износот на кредит над 3.000.000,00 денари (максимум 150.000,00 денари)
    • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
    Обезбедување залог на бескаматен денарски или девизен депозит со рок на депонирање еднаков на рокот на отплата на кредитот. 
    • Доколку кредитобарателот и залогодавачот се различни субјекти, по избор може да се користи и залог на денарски или девизен депозит на кој се нуди пасивна камата по актуелната каматна стапка пропишана за денарски или девизни депозити, а кредитот се одобрува со каматна стапка зголемена за актуелната каматна стапка на кредитот.
    • Корисникот има право на квартално ослободување на заложениот депозит, и тоа во висина на отплатениот дел на кредитот, при што секогаш треба да биде запазен пропорционалниот однос.
    Начин на отплата
    • месечни ануитети
    • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
    Потребна документација


    Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит


     Извештај за напредок - Глобалeн договорГодишен извештај
    2016 PDF PDF
    2015 PDF PDF
    2014 PDF PDF
    2013 PDF PDF
    2012 PDF PDF