• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит врз основа на хипотека на недвижен имот


Денарскиот кредит е наменет за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос или пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката.
 
Денарскиот кредит со Еур клаузула е наменет за кредитоспособни физички лица во редовен работен однос во јавната администрација или фирми прифатливи за Банката кои примаат плата на трансакциска сметка во Банката или пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката. 


Износ на кредитот зависи од кредитната способност и вредноста на хипотеката
Рок на отплата до 90 месеци
Грејс период Можност за користење на грејс период до 12 месеци. За времетраењето на грејс периодот се пресметува и наплатува само интеркаларна камата.
Номинална каматна стапка
9,5% годишна, променлива за денарски кредит
7,5% годишна, променлива за денарски кредит со Еур клаузула
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
10,15% годишна за денарски кредит
8,3% годишна за денарски кредит со Еур клаузула
(врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка). Нотарските трошоци, трошоците за упис на заложното право во соодветната јавна книга и трошоците за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици не се вклучени во пресметката на СВТ и паѓаат на товар на корисникот на кредитот.
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • Mесечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот. Како месечни примања ќе се сметаат и други годишни или месечни примања што подлежат на оданочување согласно Законот за персонален данок на доход и кои можат да се документираат.

    при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
  • во кредитот може да се вклучат уште двајца кредитобаратели кои не мора да се во роднинска врска, но мора да се кредитоспособни
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
  • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот
Трошоци за кредитот
  • 0,5% од износот на кредитот за денарски кредит или
  • 1,5% од износот на кредитот за денарски кредит со Еур клаузула (минимум 500,00 денари) - надомест за одобрување и администрирање на кредит
  • 400,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • 2.000,00 денари за проценка на вредноста на недвижниот имот (за секоја поединечна проценка)
  • Нотарски и адвокатски трошоци за Договорот за залог согласно соодветната Тарифа 
  • трошоци за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга 
  • трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици 
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Обезбедување
  • хипотека на недвижен имот во вредност од 140% од износот на кредитот
  • административна забрана од плата
  • полиса за осигурување на заложениот недвижен имот винкулирана во полза на Банката и обновувана за целото времетраење на кредитот
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копии од валидни лични карти за сите учесници во кредитот
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност)
  • извод од матична книга на родени/венчани како доказ за сродство со кокредитобарателите
  • имотен лист за недвижниот имот што се нуди како обезбедување


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk