• Пример за кредитот


  • Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит врз основа на 30% или 50% депозит и хипотека на недвижен имот


Кредитот е наменет за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос или пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката.



Износ на кредитот зависи од кредитната способност и вредноста на хипотеката
Рок на отплата до 90 месеци
Номинална каматна стапка
  • 7,8% за кредит со депозит од 30%, променлива со денарска клаузула
  • 7,3% за кредит со депозит од 50%, променлива со денарска клаузула
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) од 7,82% до 8,36% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка). Нотарските трошоци, трошоците за упис на заложното право во соодветната јавна книга и трошоците за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици не се вклучени во пресметката на СВТ и паѓаат на товар на корисникот на кредитот.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) прилагодена од 9,51% до 10,01% годишна
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • кредитната способност се пресметува за делот од кредитот кој е обезбеден со хипотека
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
  • Во кредитот може да се вклучат уште двајца кредитобаратели кои не мора да се во роднинска врска, но мора да се кредитоспособни (доколку кокредитобарателите не се членови на потесното семејство на кредитобарателот, а примаат плата на трансакциска сметка во Банката при пресметката на нивната кредитоспособност ќе се земе предвид 100% од нивните слободни месечни примања. Во спротивно во пресметката за кредитна способност ќе се земе во предвид само 1/2 од нивните слободни месечни примања).
Трошоци за кредитот
  • 0,5% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
  • 400,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • 2.000,00 денари за проценка на вредноста на недвижниот имот (за секоја поединечна проценка) 
  • нотарска награда за солемнизација на договорот за залог согласно нотарската тарифа 
  • трошоци за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга 
  • трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици 
Обезбедување
  • административна забрана на плата
  • залог на бескаматен депозит (девизен или денарски)
  • хипотека на недвижен имот (140% од износот на кредитот)
  • полиса за осигурување на заложениот недвижен имот винкулирана во корист на Банката и обновувана за цело времетраење на кредитот
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копии од валидни лични карти за сите учесници во кредитот
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност)
  • имотен лист за недвижниот имот што се нуди како обезбедување
  • извод од матична книга на родени/венчани како доказ за сродство со кокредитобарателите


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk