• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит за купување или изградба на недвижен имот со денарска клаузула

 

Денарскиот кредит е наменет за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос или пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката.

 
 

Намена
  • купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор
  • купување на градежно земјиште
  • рефинансирање на друг станбен кредит
Износ на кредитот зависи од кредитната способност и вредноста на хипотеката
Рок на отплата
  • до 12 години за купување, изградба или реконструкција на деловен простор
  • до 20 години за сите останати намени
Грејс период Можност за грејс период од 12 месеци. За времетраењето на грејс периодот се пресметува и наплатува само интеркаларна камата.
Номинална каматна стапка
8% годишна, променлива за денарски кредит (референтна каматна стапка од 2,21% зголемена за 5,79%)*
 

*Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk)  на  секој 25.06. и на секој  25.12.  под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 2,21%.  Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата.ТУКА

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

Од 8,39 до 8,43% годишна
(врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка). Нотарските трошоци, трошоците за упис на заложното право во соодветната јавна книга и трошоците за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици не се вклучени во пресметката на СВТ и паѓаат на товар на корисникот на кредитот

Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • Mесечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот. Како месечни примања ќе се сметаат и други годишни или месечни примања што подлежат на оданочување согласно Законот за персонален данок на доход и кои можат да се документираат.
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
  • во кредитот може да се вклучат уште двајца кредитобаратели кои не мора да се во роднинска врска, но мора да се кредитоспособни
Исплата
    Средствата од кредитот се исплаќаат на:
    1. Продавачот:
  • кога продавач е правно лице
  • кога продавач е физичко лице, доколку се заложува недвижниот имот кој е предмет на купопродажба
    2. Кредитобарателот:
  • кога продавач е физичко лице, доколку се заложува друг недвижен имот
  • за адаптација и реновирање

Трошоци за
кредитот

  • надомест за одобрување и администрирање на кредит
    - 0,5% надомест од износот на кредитот за станбен кредит со денарски клаузула (минимум 500,00 денари, максимум 150.000,00 денари)
  • 400,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • 2.000,00 денари за проценка на вредноста на недвижниот имот (за секоја поединечна проценка)
  •  Нотарски и адвокатски трошоци за Договорот за залог согласно соодветната Тарифа
  • трошоци за упис на заложно право врз недвижениот имот во корист на Банката во соодветна јавна книга
  • трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици 
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Обезбедување
  • хипотека на недвижен имот во вредност до 140% од износот на кредитот (хипотеката може да се однесува на имотот кој се купува или на друг имот кој е во сопственост на кредитобарателот или на друго лице)
  • административна забрана од плата
  • полиса за осигурување на заложениот недвижен имот винкулирана во полза на Банката и обновувана за цело времетраење на кредитот
Потребна
документација
  • барање за кредит
  • копии од валидни лични карти за сите учесници во кредитот
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката, образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка не е потребна солвентност)
  • за пензионери – талон од последната пензија
  • преддоговор за купопродажба заверен на нотар или целокупна инвестиционо-техничка документација со одобрение за градба и износ на потребни средства
  • извод од матична книга на родени/венчани за кредитобарателите
  • имотен лист за недвижниот имот што се нуди како обезбедување
Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит


Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk