• Локатор на банкомати


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Основни информации за картичките за физички лица



Без оглед дали сте постојан корисник или сте заинтересирани за дебитните или кредитните картички, информирајте се за најважните работи што треба да ги знаете за картичките на Комерцијална банка:



Користење на картичката на продажни места


Со дебитните и кредитните картички на Комерцијална банка можете да купувате без провизија на повеќе од 22 милиони продажни места во повеќе од 210 земји во светот. Тоа е најлесниот и најпрактичниот начин на купување кој во светот се применува постојано - од најмалите до најкрупните набавки. Со користењето на картичките веќе никогаш нема да зависите од количината на готовина која ја носите со Вас, а по Ваш избор ќе можете да плаќате одеднаш или на рати.

Супермаркети, ресторани, барови, бутици, авто-салони, козметички студија... Каде и да одите ќе сретнете продажно место кое ќе ја прифати Вашата картичка - побарајте го знакот за прифаќање на MasterCard, Maestro, Visa или Visa Electron означен на влезот од објектот и препуштете ни го плаќањето нам.

На врвот ^



Користење на услугата Интернет банка


Сите иматели на дебитни или кредитни платежни картички на Комерцијална банка можат во секое време, во конфорот на својот дом или од работното место да ја следат состојбата на својата и дополнителните картички. Покрај картичките, на исто место имате евиденција за сите Ваши денарски и девизни сметки отворени во Банката.

 

Согласно Вашите потреби, одберете дали ќе ја користите оваа услуга само за следење на состојбата и печатење на изводи од сметките или пак ќе се одлучите на наједноставен начин и да вршите уплати на Вашите кредитни картички, како и плаќање на Вашите месечни сметки од АД Македонски телеком, Т-Мобиле АД, ONE, АД Топлификација, ЈП Водовод и канализација, АД Електростопанство, АД Кјуби Македонија и Вардар - Кроација осигурување АД.
Плаќањето на сметките од наведените компании можете да го вршите и со користење на бесплатната услуга траен налог.

На врвот ^



Подигнување готовина


Со 149-те банкомати на Комерцијална банка поставени низ Македонија и преку 1 милион со знакот MasterCard и Visa насекаде во светот, секогаш има еден блиску до Вас од каде на многу едноставен начин можете 24 часа во денот, 7 дена во неделата да ја подигнете готовината која Ви треба. Со тоа, ја избегнувате потребата секогаш кога ќе Ви треба готовина од Вашите картички, односно трансакциски сметки, да одите до најблиската експозитура или филијала на Банката, да внимавате на нејзиното работно време или пак да чекате во ред.

Доколку до сега не сте користеле банкомат - не грижете се. За полесно снаоѓање при користењето на банкоматите ја создадовме брошурата „Прескокнете го редот - користете банкомат“ каде накратко се објаснети сите неопходни чекори кои треба да ги знаете.

Доколку сепак се решите да подигнете готовина од банкарски шалтер, истото можете да го сторите на шалтерите на банките насекаде во светот каде се прифаќаат MasterCard и Visa и во сите експозитури и филијали на Комерцијална банка АД Скопје во Скопје и низ Републиката.

На врвот ^



Локации на банкомати


На банкоматите на Комерцијална банка може да се подигнува готовина од сите платежни картички од издадени од програмите на MasterCard и Visa, 24 часа во денот, седум дена во неделата. Пронајдете го најблискиот банкомат од 145-те поставени низ Македонија со помош на локаторот.

ЛОКАТОР НА БАНКОМАТИ


За локациите на банкоматите од кои може да подигнувате готовина со картички од фамилијата на MasterCard® ширум светот (над 1 милион банкомати во повеќе од 210 земји), информации можете да добите на www.mastercard.com.

За подигнување готовина со Visa картички во повеќе од 170 земји низ светот, информации за локациите на банкоматите може да најдете на www.visa.com.

На врвот ^


Проблеми и рекламации


 
  • Пријавување изгубена/украдена картичка

Доколку картичката Ви е изгубена или украдена, потребно е истото веднаш да го пријавите во  Центарот за авторизација на Банката на тел. (02) 3247-474, кој е отворен за телефонски повици 24 часа во денот, седум дена во неделата, преку целата година. Вработениот во Центарот веднаш ќе ја блокира картичката со што ќе се спречи евентуална злоупотреба и ќе Ви даде понатамошни упатства како да извадите нова картичка.

 
  • Рекламации во врска со употребата на картичката

Должност не клиентот е редовно да ги прегледува месечните извештаи за работењето со картичката кои ги доставува Банката. За рекламации во врска со употребата на картичката јавете се на тел. (02) 3168-122 секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

При тоа Ве молиме, доколку се работи за рекламации во врска со одредени трансакции на Вашата сметка да го запазувате рокот на пријавување од 20 дена од датумот на изводот.

Доколку Ви е потребна помош во врска со употребата на картичката јавете се на тел. (02) 3168-130 (од 8:00 до 16:00 часот секој работен ден) или на (02) 3247-474 (24 часа во денот, седум дена во неделата).

На врвот ^


Издавање картички за физички лица со целосно оштетен вид


 

Комерцијална банка АД Скопје издава дебитни и кредитни картички на физички лица со целосно оштетен вид. Приемот на барање и издавање дебитна или кредитна картичка за физичко лице на слепо лице е едноствана и се врши пред двајца сведоци. Притоа еден од сведоците е потребно да биде вработен во Банката, но може и двајцата сведоци да бидат вработени во Банката. Сведоците на клиентот целосно му ја читаат содржината на Договорот и Општите услови на Комерцијална банка АД Скопје за издавање и користење дебитна, односно кредитна картичка. Својата согласност дека ги разбира и ги прифаќа одредбите регулирани со овие документи, клиентот ја потврдува со потпишување Изјава за аплицирање за дебитна, односно кредитна картичка за физички лица со факсимил. Сведоците ја потпишуваат истата изјава со цело име, презиме и потпис и со тоа изјавуваат дека клиентот е запознат со содржината на документите и истите ги прифаќа и се потпишуваат. На клиентот му се издава персонализирана платежна картичка со чип, на која е ембосиран идентификациониот број, името и презимето на лицето корисник на каричката и личен идентификационен број ПИН код кој служи за подигање готовина од банкомат и при плаќање производи и услуги со истата на POS терминал.

Слепо лице може да аплицира за дебитна / кредитна картичка само во централата на Банката во Скопје како и во филијалите низ градовите во Републиката.


 Изјава за аплицирање за дебитна картичка на слепо лице
 Изјава за аплицирање за кредитна картичка на слепо лице

На врвот ^



Лица за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Шеф на Служба за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk

Игор Андреевски, Служба за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-130
Факс: (02) 3114-232
e-mail: igor.andreevski@kb.com.mk