• Локатор на банкомати


  • Експозитури и филијали


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Дебитни картички за физички лица

 

 

Прифатени од над 200.000 задоволни клиенти, дебитните картички на Комерцијална банка АД Скопје се најраспространетиот и наједноставен платежен инструмент кој секојдневно се грижи за лесно и безбедно плаќање и подигнување готовина насекаде во светот. На продажно место, на банкомат или на банкарски шалтер - дебитните картички ги носат Вашите пари секогаш со Вас.

 

Корисник на дебитна картичка може да биде секое полнолетно физичко лице државјанин на Република Македонија, како и физичко лице странски државјанин кое согласно законската регулатива има третман на резидент. Се добива во наједноставна постапка и се користи со најниски надоместоци. Одберете ја Вашата нова дебитна картичка и добијте повеќе од Вашите пари:

 

 

Maestro® дебитна картичка

Visa Electron дебитна картичка

  • Без членарина за првата година;
  • Без членарина за целото времетраење доколку земате плата или пензија преку Банката;
  • Поединечни сметки за денари и девизи, со можност за прераспределба на средствата по желба.
  • Плаќање одеднаш или на 3, 6 или 12 рати, без камата.

Повеќе...

  • Без членарина за првата година;
  • Без членарина за целото времетраење доколку земате плата или пензија преку Банката;
  • Една сметка за во земјата и странство
  • Плаќање одеднаш или на 3, 6 или 12 рати, без камата.

 

 

Повеќе...

 

Debit MasterCard® дебитна картичка

Debit MasterCard® World дебитна картичка

  • Без членарина за првата година;
  • Без членарина за целото времетраење доколку земате плата или пензија преку Банката;
  • Една сметка за во земјата и странство;
  • Плаќање одеднаш или на 3, 6 или 12 рати, без камата.

Повеќе...

  • Без членарина за првата година за постојните корисници на дебитни картички, кои имаат годишен промет со дебитните картички над 80.000 денари;
  • Без членарина во текот на целиот период на користење доколку имате годишен промет во трговија над 80.000 денари;
  • Можност за поврат на средства при купување во трговија;
  • Плаќање одеднаш или на 3, 6 или 12 рати, без камата.

 

 

Повеќе...

 

Покрај извонредната практичност на брзото и безбедно плаќање без провизија, отсега со дебитните картички на Комерцијална банка можете да купувате и на 3, 6 или 12 рати, без камата. Проверете ја листата на продажни места каде можете да ја искористите оваа поволност и започнете со планирање на следното купување.

 

Локации на банкомати

 

Со дебитните и кредитните платежни картички на Комерцијална банка АД Скопје можете во секое време да подигнувате готовина од  145 -те банкомати на Банката поставени низ Република Македонија. Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.



Лица за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk

Марија Србиновска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-136
Факс: (02) 3220-987
e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk