• Основни информации


  • Барање


  • Општи услови


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Maestro® дебитна картичка за физички лица



Maestro® дебитната картичка е најлесниот и најбезбедниот начин Вашите пари да ги имате секогаш со Вас. Во бутик, во ресторан или на банкомат - Maestro® безбедно се грижи за сите Ваши плаќања и потреби за готовина, насекаде во светот. Едноставна, безбедна и доверлива.



Предности на картичката


 

- без членарина за првата година од издавањето;
- без членарина за целиот период на користење, доколку земате плата или пензија преку Комерцијална Банка АД Скопје;
- поединечни сметки за денари и девизи*, со можност за прераспределба на средствата согласно Вашите потреби;
- безбедно и едноставно располагате со Вашите пари, на продажни места, на банкомати или на банкарски шалтери;
- добивате каматна стапка на позитивно салдо;
- можете да добиете дозволено пречекорување во висина до две месечни плати;
- можете да купувате безбедно и без провизија на милиони продажни места во светот;
- можност за плаќање на 3, 6, 12 или 24 рати, без камата, на продажни места со кои Банката има склучено договор;
- добивате дополнителни картички за Вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
- ниски провизии и надоместoци за користење на картичката;
- состојбите на сметките можете да ги следите од Вашиот дом, работно место или каде било во светот, преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.
 
* За користење на картичката било каде во светот, независно од валутата која се користи таму, потребно е на девизната сметка да се вложат евра. 

Користење на картичката


Maestro® дебитната картичка која можете едноставно да ја користите низ целиот свет и да трошите толку колку што имате на Вашата трансакциска сметка, а доколку сте вработен или пензионер можете да користите и одредено дозволено пречекорување. За вршење на трансакции со картичката во странство, независно од валутата која се користи во соодветната земја, потребно е на девизната сметка да имате евра.


Прифатена е на повеќе од 35 милиони продажни места и повеќе од 2 милиони банкомати во светот на кои е истакнат знакот на MasterCard® и Maestro®. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на Maestro® картичките можете да добиете на www.mastercard.com.


Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.



Едноставно до Вашата нова Maestro® дебитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова Maestro® дебитна картичка:

1
Пополнете го краткото барање за Maestro® дебитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 7 дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци

 

Корисници

секое деловно способно физичко лице државјанин на Р. Македонија

 

Каматни стапки

Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата

3,75%

Пасивна каматна стапка

0,01%

Каматна стапка до износот на дозволено пречекорување

7,95 процентни поени над референтната каматна стапка т.е. 11.70%*

Каматна стапка за износот над дозволено пречекорување

11,75%

Годишна членарина**

 

за основната
картичка

за дополнителните
картички

 

со плата или пензија преку Банката

без надомест

 

 

за првата година

без надомест

без надомест

 

за секоја следна година

240 денари

120 денари

 

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

без надомест

-

на други банки во земјата

1,8%, мин. 100 ден.

2%, мин. 150 ден.

на други банки во странство

2%, мин. 3 евра

2%, мин.  5 евра

Годишна членарина за Maestro® дебитна картичка за пакет за студенти и посдипломци

За прва година

За секоја следна година

За годишен промет до 15.000 денари

За годишен промет над 15.000 денари

Основна картичка

без надомест

120,00 денари

без надомест

Дополнителна картичка

без надомест

120,00 денари

120,00 денари


 

* Каматната стапка што се применува при пресметување камата на искористениот дел од дозволеното пречекорување изнесува 11,70%, а се добива така што на реферeнтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, која во моментот е 3,75%, се додаваат 7,95 процентни поени.

** Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина, односно бесплатниот период од 12 месеци, во зависност од тоа кога е издадена картичката.
Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.



Лица за контакт



Марија Србиновска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-136
Факс: (02) 3220-987
e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk

Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk