• Основни информации


  • Барање


  • Општи услови


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Visa Electron дебитна картичка за физички лица

 



Visa Electron дебитната картичка е најлесниот начин да плаќате, каде и да сте. Преку единствената сметка за денари и девизи, Вашите пари ќе бидат со Вас на милиони продажни места и банкомати насекаде во светот.
Вистинската виза за Вас - Visa Electron дебитната картичка на Комерцијална банка АД Скопје.




Предности на картичката


 

- без членарина за првата година од издавањето;
- без членарина за целиот период на користење, доколку земате плата или пензија преку Комерцијална Банка АД Скопје;
- една денарска сметка за користење на картичката во земјата и странство;
- овозможува брзо и едноставно бесконтактно плаќање;
- безбедно и едноставно располагате со Вашите пари, на продажни места, на банкомати или на банкарски шалтери;
- добивате каматна стапка на позитивно салдо;
- можете да добиете дозволено пречекорување во висина до две месечни плати;
- можете да купувате безбедно и без провизија на милиони продажни места во светот;
- можност за плаќање на 3, 6 или 12 рати, без камата, на продажни места со кои Банката има склучено договор;
- добивате дополнителни картички за Вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
- ниски провизии и надоместoци за користење на картичката;
- состојбите на сметките можете да ги следите од Вашиот дом, работно место или каде било во светот, преку услугите Интернет банка, мБанка , и SMS банкарство;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


Visa Electron дебитната картичка можете едноставно да ја користите низ целиот свет и да трошите толку колку што имате на Вашата трансакциска сметка, а доколку сте вработен или пензионер можете да користите и одредено дозволено пречекорување.


Прифатена е на 40 милиони продажни места и повеќе од 1,9 милиони банкомати во над 170 земји во светот на кои е истакнат знакот на Visa или Visa Electron. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на Visa Electron картичките можете да добиете на www.visa.com.


Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Едноставно до Вашата нова Visa Electron дебитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова Visa Electron дебитна картичка:

1
Пополнете го краткото барање за Visa Electron дебитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 7 дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

секое деловно способно физичко лице државјанин на Р. Македонија

 

Каматни стапки

Референтна каматна стапка

3,75%

Пасивна каматна стапка

0,01%

Каматна стапка до износот на дозволено пречекорување

7,95 процентни поени над референтната каматна стапка т.е. 11,70%*

Каматна стапка за износот над дозволено пречекорување

11,75%

Годишна членарина**

 

за основната
картичка

за дополнителните
картички

 

со плата или пензија преку Банката

без надомест

 

 

за првата година

без надомест

без надомест

 

за секоја следна година

240 денари

120 денари

 

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

без надомест

-

на други банки во земјата

2%, мин. 100 ден.

2%, мин. 300 ден.

на други банки во странство

2%, мин. 200 ден.

2%, мин. 300 ден.

Годишна членарина за Visa Electron дебитна картичка за пакет за студенти и посдипломци

За прва година

За секоја следна година

За годишен промет до 15.000 денари

За годишен промет над 15.000 денари

Основна картичка

без надомест

120,00 денари

без надомест

Дополнителна картичка

без надомест

120,00 денари

120,00 денари



* Каматната стапка што се применува при пресметување на камата на искористениот дел од дозволеното пречекорување изнесува 11,70%, а се добива така што на референтната каматна стапка од НБРМ која во моментот е 3,75% се додаваат 7,95 процентни поени.
** Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина, односно бесплатниот период од 12 месеци, во зависност од тоа кога е издадена картичката.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.



Лица за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk

Марија Србиновска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-136
Факс: (02) 3220-987
e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk