• Основни информации


  • Барање


  • Општи услови


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Debit MasterCard® дебитна картичка за физички лица



Debit MasterCard® дебитната картичка е најлесниот начин да плаќате каде и да сте. Преку единствената сметка за денари и девизи, Вашите пари ќе бидат со Вас на милиони продажни места и банкомати насекаде во светот. Дебитна картичка со карактеристики на кредитна, со непречена можност за користење на Интернет.



Предности на картичката


 

- Без членарина за првата година;
- Без членарина во текот на целиот период на користење доколку примате плата или пензија во Банката и немате други дебитни картички;
- Една денарска сметка за користење на картичката во земјата и во странство;
- Овозможува брзо и едноставно бесконтактно плаќање;
- Безбедно и едноставно располагате со Вашите пари, на продажни места, на банкомати или на банкарски шалтери;
- Добивате каматна стапка на позитивно салдо;
- Можете да купувате безбедно и без провизија на милиони продажни места во светот;
- Едноставно следење на состојбата на сметките во Банката насекаде во светот преку услугите Интернет банка, мБанка , и SMS банкарство;
- Можност за користење на расположливите средства 24 часа на ден преку користење на банкомат или во трговија;
- Непречена можност за користење на расположливите средства за купување преку Интернет;
- Дебитна картичка со карактеристики и третман на кредитна картичка;
- Глобална прифатеност на над 35 милиони локации;
- Можност за добивање на дозволено пречекорување во висина до две месечни плати;
- Можност за плаќање на 3, 6 или 12 рати, без камата, на продажни места со кои Банката има склучено договор;
- Добивате дополнителни картички за Вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
- Ниски провизии и надоместoци за користење на картичката.


Користење на картичката


Debit MasterCard® дебитната картичка можете едноставно да ја користите низ целиот свет и да трошите толку колку што имате на Вашата трансакциска сметка, а доколку сте вработен или пензионер можете да користите и одредено дозволено пречекорување.


Прифатена е на повеќе од 35 милиони локации во светот на кои е истакнат знакот на MasterCard®. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на овие картичките можете да добиете на www.mastercard.com.


Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.



Едноставно до Вашата нова Debit MasterCard® дебитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова Debit MasterCard® дебитна картичка:

1
Пополнете го краткото барање за Debit MasterCard® дебитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 7 дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

Секое деловно способно лице со статус на резидент

Годишна членарина

 

Основна картичка

Дополнителна картичка

 

 

 

За првата година

Без надомест

Без надомест

 



За секоја следна година



* За годишен промет над 30.000 денари

Без надомест

Без надомест

* За годишен промет под 30.000 денари

300.00 денари

180.00 денари


*** За картичка со плата или пензија на сметка доколку клиентот нема други дебитни картички – без надомест за цело времетраење


Надомест за подигнување готовина

 

На банката

На други банки

На други банки во странство

Од банкомати

Без надомест

2% мин.100 денари

2% мин. 200 денари

Од шалтери

-

2% мин.300 денари

2% мин. 300 денари

Каматни стапки

Референтна каматна стапка

3,75%

Пасивна каматна стапка

0,01%

Каматна стапка до износот на дозволено пречекорување

7,95 процентни поени над референтната каматна стапка т.е. 11,70%

Каматна стапка над износот на дозволено пречекорување

11,75%


* Каматната стапка што се применува при пресметување на камата на искористениот дел од дозволеното пречекорување изнесува 11,70%, а се добива така што на референтната каматна стапка од НБРМ, која во моментот е 3,75%, се додаваат 7,95 процентни поени.

** Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина, односно бесплатниот период од 12 месеци, во зависност од тоа кога е издадена картичката.



Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.



Лица за контакт



Марија Србиновска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-136
Факс: (02) 3220-987
e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk

Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk