• Основни информации


  • Барање


  • Општи услови


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања


  • Бесконтактно плаќање



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Debit MasterCard® World дебитна картичка за физички лица



Debit MasterCard® World е најпрактичната картичка за купување. Со неа ги добивате сите поволности на дебитните картички, можете да плаќате бесконтактно за само 1 секунда, а имате и одлична можност за поврат на средства кога купувате во трговија (cash-back). Колку повеќе плаќате во трговија, толку повеќе добивате поврат на средства.
Преку единствената сметка за денари и девизи, Вашите пари ќе бидат со Вас насекаде во светот – на милиони продажни места, на банкомати или при купувања на Интернет.



Предности на картичката


 

- Без членарина за првата година за постојните корисници на дебитни картички, кои имаат годишен промет со дебитните картички над 80.000 денари;
- Без членарина во текот на целиот период на користење доколку имате промет во трговија над 80.000 денари;
- Една денарска сметка за користење на картичката во земјата и во странство;
- Овозможува брзо и едноставно бесконтактно плаќање;
- Добивате поврат на средства при купување во трговија* („cash back“):
- за промет во трговија до 10.000 денари месечно: 0,4% од остварениот промет,
- за промет во трговија над 10.000 денари месечно: 0,6% од остварениот промет.
- Ексклузивен пристап и бесплатни услуги за сопственикот на картичката, заедно со уште еден гостин по негов избор, во VIP ложите на аеродромите во Виена и Белград;
- Можете да купувате безбедно и без провизија на над 35 милиони продажни места во светот;
- Можност за користење на расположливите средства 24 часа на ден преку користење банкомат или во трговија;
- Едноставно следење на состојбата на сметките во Банката насекаде во светот преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
- Непречена можност за купување на Интернет;
- Добивате каматна стапка на позитивно салдо;
- Дебитна картичка со чип и со карактеристики и третман на кредитна картичка;
- Можност за добивање дозволено пречекорување во висина до две месечни плати;
- Можност за плаќање на 3, 6, 12 или 24 рати, без камата, на продажни места со кои Банката има склучено договор;
- Добивате дополнителни картички за Вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
- Ниски провизии и надоместoци за користење на картичката.

*Пресметката на повратот на средствата се врши на месечно ниво, а се исплаќа во вид на подарок-картичка, во моментот кога ќе се акумулираат 1.000 денари.

Користење на картичката


Debit MasterCard® World е дебитна картичка која можете едноставно да ја користите низ целиот свет и да трошите толку колку што имате на Вашата трансакциска сметка, а доколку сте вработен или пензионер можете да користите и одредено дозволено пречекорување.


Прифатена е на повеќе од 35 милиони локации во светот на кои е истакнат знакот на MasterCard®. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти.


Покрај основните функции, оваа картичка овозможува и брзо бесконтактно плаќање во трговија без внесување на PIN код, за трансакции во износ до 750 денари.


Подетални информации во врска со прифаќањето на овие картичките можете да добиете на www.mastercard.com.


Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.



Едноставно до Вашата нова Debit MasterCard® World дебитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова Debit MasterCard® World дебитна картичка:

1
Пополнете го краткото барање за Debit MasterCard®World дебитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 7 дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

секое деловно способно лице со статус на резидент

 

Каматни стапки

Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата

3,25%

Пасивна каматна стапка

0,0%

Каматна стапка до износот на дозволено пречекорување

7,95 процентни поени над референтната каматна стапка т.е. 11,20%*

Каматна стапка за износот над дозволено пречекорување

11,25%

Годишна членарина**

 

за основната
картичка

за дополнителните
картички

за првата година

360 денари

180 денари

• за постојни корисници на дебитни картички со годишен промет со дебитните картички во трговија над 80.000 денари***

без надомест

без надомест

за секоја следна година

• за годишен промет над 80.000 денари

без надомест

без надомест

• за годишен промет под 80.000 денари

360 денари

180 денари

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

без надомест

-

на други банки во земјата

2%, мин. 100 денари

2%, мин. 300 денари

на други банки во странство

2%, мин. 200 денари

2%, мин. 300 денари

 



* Каматната стапка што се применува при пресметување камата на искористениот дел од дозволеното пречекорување изнесува 11,20%, а се добива така што на реферeнтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, која во моментот е 3,25%, се додаваат 7,95 процентни поени.

** Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина. Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.


*** Основна картичка на клиент кој со други дебитни картички на Банката има годишен промет во трговија над 80.000 денари – без членарина и за првата година од издавањето.



Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.



Лица за контакт



Марија Србиновска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-136
Факс: (02) 3220-987
e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk

Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk