• Основни информации


  • Барање


  • Општи услови


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

MasterCard® Standard кредитна картичка за физички лица

 



MasterCard® Standard е кредитна картичка за граѓани која овозможува зголемување на куповната моќ и прифатеност насекаде во светот.
Вистински избор за модерните луѓе кои бараат повеќе од секој момент во денот.




Предности на картичката


 

- без членарина за првата година од издавањето;
- добивате кредитен лимит во зависност од слободниот дел од Вашата месечна плата;
- одобрениот кредитен лимит го распределувате на две сметки (во МКД и ЕУР) по Ваш избор и по потреба го менувате тој сооднос;
- добивате бескаматен период до 42 дена на трансакции направени на продажно место;
- нуди ниска каматна стапка на искористениот дел од кредитниот лимит;
- можете да купувате безбедно и без провизија на милиони продажни места во светот;
- овозможува купување преку Интернет;
- добивате дополнителни картички за Вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
- ниски провизии и надоместoци за користење на картичката;
- состојбите на сметките можете да ги следите од Вашиот дом, работно место или каде било во светот, преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
- можност за едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


MasterCard® Standard картичката е прифатена на повеќе од 35 милиони продажни места и повеќе од 2 милиони банкомати насекаде во светот на кои е истакнат знакот на MasterCard®. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на MasterCard® картичките можете да добиете на www.mastercard.com.


Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Едноставно до Вашата нова MasterCard® Standard кредитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова MasterCard® Standard кредитна картичка:



1
Пополнете го краткото барање за MasterCard® Standard кредитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 5 работни дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

кредитоспособни физички лица на возраст помеѓу 18 и 68 години

 

Номинални каматни стапки

на денарската сметка

- 11,25% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит (референтна каматна стапка од 2,21% зголемена за 9,04%.)*
- 11,25% над износот на кредитниот лимит

на девизната сметка

- 7,6% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит (едномесечен ЕУРИБОР + 7,6%, но не помалку од 7,6%)**
- 7,639% над износот на кредитниот лимит

Годишна членарина***

 

 

 

 

за основната
картичка

за дополнителните
картички

 

за картички со лимит до 50.000 денари

без надомест

 

 

за првата година

без надомест

без надомест

 

за секоја следна година

480 денари

300 денари

 

за картички со лимит над 50.000 денари    
за првата година

без надомест

без надомест

за секоја следна година

960 денари

480 денари

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

1,5%, мин 50 ден.

1,5%, мин. 100 ден.

на други банки во земјата

2%, мин. 120 ден.

2,5%, мин. 350 ден.

на други банки во странство

2%, мин. 4 евра

2,5%, мин. 6 евра


* Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 2,21%. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА

** Стапката на едномесечниот ЕУРИБОР ќе биде објавена на секој 31.12. и на секој 30.06. на веб-страницата на Банката и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието) ТУКА . Доколку стапката има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00.


*** Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина, односно бесплатниот период од 12 месеци, во зависност од тоа кога е издадена картичката.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.



Лице за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk