• Основни информации


  • Барање


  • Општи услови


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

MasterCard® Revolving кредитна картичка за физички лица



MasterCard® Revolving е кредитна картичка за граѓани која вистински се грижи за буџетот. Ви нуди извонреден микро-кредит со минимална месечна отплата од 10%.
Запознајте го Вашиот нов најдобар шопинг-пријател.




Предности на картичката


 

- без членарина за првата година од издавањето;
- поврзана со една сметка за плаќања во земјата и во странство;
- нуди можност за минимално враќање на само 10% од искористениот дел од кредитниот лимит;
- поволна каматна стапка на искористениот дел од кредитниот лимит;
- добивате кредитен лимит во зависност од слободниот дел од Вашата месечна плата;
- добивате бескаматен период до 42 дена на трансакции направени на продажно место;
- овозможува купување преку Интернет;
- можете да купувате безбедно и без провизија на милиони продажни места во светот;
- добивате дополнителни картички за Вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
- ниски провизии и надоместoци за користење на картичката;
- состојбите на сметките можете да ги следите од Вашиот дом, работно место или каде било во светот, преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
- можност за едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


MasterCard® Revolving картичката е прифатена на повеќе од 35 милиони продажни места и повеќе од 2 милиони банкомати насекаде во светот на кои е истакнат знакот на MasterCard®. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење на готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на MasterCard® картичките можете да добиете на www.mastercard.com.


Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Едноставно до Вашата нова MasterCard® Revolving кредитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова MasterCard® Revolving кредитна картичка: картичка:



1
Пополнете го краткото барање за MasterCard® Revolving кредитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 5 дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

кредитоспособни физички лица на возраст помеѓу 18 и 68 години

 

Номинални каматни стапки

- 11,25% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
(референтна каматна стапка од 2,21% зголемена за 9,04%.)* 
- 11,25% над износот на кредитниот лимит

Годишна членарина**

 

 

 

 

за основната
картичка

за дополнителните
картички

 

за картички со лимит до 50.000 денари

 

 

 

за првата година

без надомест

без надомест

 

за секоја следна година

480 денари

300 денари

 

за картички со лимит над 50.000 денари    
за првата година без надомест без надомест
за секоја следна година 960 денари 480 денари

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

1,5%, мин 100 ден.

1,5%, мин. 100 ден.

на други банки во земјата

2%, мин. 120 ден.

2,5%, мин. 350 ден.

на други банки во странство

2%, мин. 250 ден.

2,5%, мин. 350 ден.


* Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 2,21%. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА

** Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина, односно бесплатниот период од 12 месеци, во зависност од тоа кога е издадена картичката.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.

 



Лице за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk