• Основни информации


  • Барање


  • Општи услови


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

MasterCard® SP Co-branding кредитна картичка за физички лица



Co-branding кредитната картичка на Комерцијална банка АД Скопје и Скопски Пазар АД Скопје ја наградува Вашата доверба. Купувате повеќе - добивате повеќе.
За сите Ваши набавки во продажните објекти на Скопски Пазар АД Скопје добивате награден бонус од 3%. Вреди да се има!




Предности на картичката


 

- добивате награден бонус од 3% од износот на сите остварени месечни набавки во продажните објекти на Скопски Пазар АД Скопје;
- можност за минимално враќање на само 10% од искористениот дел од кредитниот лимит;
- добивате кредитен лимит во зависност од слободниот дел од Вашата месечна плата;
- поврзана со една сметка за плаќања во земјата и во странство;
- добивате бескаматен период до 45 дена на трансакции направени на продажно место;
- овозможува купување преку Интернет;
- добивате дополнителни картички за Вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
- ниски провизии и надоместoци за користење на картичката;
- состојбите на сметките можете да ги следите од Вашиот дом, работно место или каде било во светот, преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
- можност за едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


MasterCard® SP Co-branding картичката е прифатена на повеќе од 35 милиони продажни места и повеќе од 2 милиони банкомати насекаде во светот на кои е истакнат знакот на MasterCard®. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на MasterCard® картичките можете да добиете на www.mastercard.com.


Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Едноставно до Вашата нова MasterCard® SP Co-branding кредитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова MasterCard® SP Co-branding кредитна картичка:



1
Пополнете го краткото барање за MasterCard® SP Co-branding кредитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 5 работни дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

кредитоспособни физички лица на возраст помеѓу 18 и 68 години

 

Номинални каматни стапки***

- 11,02% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
 (референтна каматна стапка од 1,98% зголемена за 9,04 пп)* 
- 10,5% над износот на кредитниот лимит

Годишна членарина** 

 

за основната
картичка

за дополнителните
картички

 

за картички со лимит до 50.000 денари

 480 денари

 300 денари

за картички со лимит над 50.000 денари

 960 денари

 480 денари

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

 

на Банката

2%, мин 200 ден.

2%, мин. 200 ден.

 

на други банки во земјата

3%, мин. 300 ден.

3%, мин. 300 ден.

 

на други банки во странство

3%, мин. 300 ден.

3%, мин. 300 ден.


* Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 1,98%. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА

** Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. 

*** Доколку номиналната каматна стапка е повисока од стапката на законска казнена камата, Банката ќе пресметува камата во висина на законската казнена каматна стапка, која во моментот е 10,5% годишна.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.



Лице за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk