• Основни информации


  • Барање


  • Општи услови


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Mastercard® Wizz Air кредитна картичка за физички лица



Mastercard® Wizz Air кредитната картичка е прва и единствена кобрендирана кредитна картичка со авиокомпанија во земјата. Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Wizz Air Hungary Ltd., им овозможува на имателите да ги користат единствените привилегии кои ги нуди Програмата за лојалност.




Предности на картичката


 

• Гратис 600 поени за добредојде (Welcome points) при издавање на основната картичка, кои може да се искористат за купување на билети и сите други Wizz Air услуги преку Интернет (1 поен е еднаков на 1 денар);
• Бонус поени со секое купување со картичката:
     • 4% од износот на трансакција направена на www.wizzair.com
     • 2% од износот на сите други трансакции;
• Бесплатно групно членство во WIZZ Discount клубот кое овозможува пониски цени од редовните, за корисникот на картичката и до 5 патници кои патуваат со него, за целиот период на користење на картичката;
• Зголемена куповна моќ за корисникот, со кредитен лимит во зависност од слободниот дел од месечната плата;
Можност за минимално враќање од само 10% од искористениот дел од кредитниот лимит;
• Бескаматен период до 40 дена на трансакции направени на продажно место;
• Една денарска сметка за плаќања во земјата и во странство;
Можност за купување на Интернет;
Можност за бесконтактно плаќање (без внесување на ПИН код до 750 денари);
Можност за издавање дополнителни картички за најблиските, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
Едноставно следење на состојбата на сметките и плаќањата, насекаде во светот преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
Mожност за дигитализација на картичката и бесконтактно плаќање со мобилен телефон преку мобилната апликација KomPay;
Можност за едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
Можност за користење на расположливите средства 24 часа на ден преку банкомат;
24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


Mastercard® Wizz Air кредитната картичка е прифатена на повеќе од 35 милиони продажни места и повеќе од 2 милиони банкомати насекаде во светот на кои е истакнат знакот Masterсard®.

 

Mastercard® Wizz Air кредитната картичка може да се користи во земјата и во странство, за купување во продажните места, за подигнување готовина од банкомат и за купувања преку Интернет.

 

Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или од фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на Masterсard® картичките можете да добиете на www.mastercard.com.

 

Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.

 

За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Едноставно до Вашата нова Mastercard® Wizz Air кредитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова Mastercard® Wizz Air кредитна картичка:



1
Пополнете го краткото барање за Mastercard® Wizz Air кредитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.

 

Напомена: Наведување точна е-mail адреса во барањето е од основно значење за добивање на привилегиите од Програмата за лојалност за користење на картичката.

2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 5 работни дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

кредитоспособни физички лица на возраст помеѓу 18 и 68 години

Номинални каматни стапки***

- 11,16% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит (референтна каматна стапка од 2,08% зголемена за 9,08 пп)*

- 11,00% над износот на кредитниот лимит

Годишна членарина**

 

 

 

 

за основната
картичка

за дополнителните
картички

за првата година

3.000 денари

 

1.200 денари

 

за секоја следна година

2.400 денари

 

960 денари

 

за годишен промет во трговија над 120.000 ден.

1.200 денари

480 денари

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

1,5%, мин 100 ден.

2%, мин. 200 ден.

на други банки во земјата

2%, мин. 200 ден.

2,5%, мин. 300 ден.

на други банки во странство

2,5%, мин. 250 ден.

2,5%, мин. 350 ден.


*Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 2,08%. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата.ТУКА
** Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи.

*** Доколку номиналната каматна стапка е повисока од стапката на законска казнена камата, Банката ќе пресметува камата во висина на законската казнена каматна стапка, која во моментот е 11% годишна.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.



Лице за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk