• Основни информации


  • Општи услови


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

MasterCard® меѓународна кредитна картичка за физички лица



Најдобрата причина да заборавите на грижите додека патувате. MasterCard меѓународната кредитна картичка е специјализирана за сите девизни плаќања во странство, како и преку Интернет.
Создадена да биде Ваш верен придружник во повеќе од 120 земји, на сите континенти.




Предности на картичката


 

- едноставно и брзо пристапувате до Вашите пари 24 часа во денот, преку мрежата од над 2 милиони банкомати во светот;
- можете да купувате безбедно и без провизија на милиони продажни места во светот;
- добивате бескаматен период до 30 дена на трансакции направени на продажно место;
- го намалува ризикот од користење на готовина во странство;
- овозможува купување преку Интернет;
- добивате дополнителни картички за Вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
- добивате позитивна каматна стапка на орочените средства во висина на каматната стапка на девизни штедни влогови во евра орочени на 12 месеци;
- состојбите на сметките можете да ги следите од Вашиот дом, работно место или каде било во светот, преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
- можност за едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


Со добивањето на MasterCard® меѓународната кредитна картичка се отвораат паралелно две сметки во пресметковна валута ЕУР:
- работна (активна), со почетно салдо 0 ЕУР, преку која се вршат сите трансакции при користење на картичката. На оваа сметка се одобрува дозволено пречекорување (кредитен лимит) во висина од 500 ЕУР и
- депозитна (пасивна), на која се врши уплатата на депозитот во висина од 500 ЕУР кој се орочува на 1 година, за цело време додека картичката е активна. На износот на орочените средства добивате каматна стапка во висина на каматната стапка на девизни штедни влогови во евра орочени на 12 месеци.


MasterCard® меѓународната картичка е прифатена на повеќе од 35 милиони продажни места и повеќе од 2 милиони банкомати насекаде во светот на кои е истакнат знакот на MasterCard®. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето* на MasterCard® картичките можете да добиете на www.mastercard.com.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Едноставно до Вашата нова MasterCard® меѓународна кредитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова MasterCard® меѓународна кредитна картичка:



1
Пополнете го краткото барање за MasterCard® меѓународна кредитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 7 дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

кредитоспособни физички лица на возраст помеѓу 18 и 68 години

 

Каматни стапки

- 7,6% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
- 7,634% над износот на кредитниот лимит
- позитивна каматна стапка на орочените средства во висина на каматната стапка на девизни штедни влогови во евра орочени на 12 месеци
- камата на позитивно салдо во висина на каматната стапка на девизни штедни влогови во евра по видување

Годишна членарина*

 

 

 

 

за основната
картичка

за дополнителните
картички

 

за секоја година

24 евра

12 евра

Надоместоци за користење

 

 

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

1,5%,мин. 80 ден.

1%

на други банки во странство

1%, мин. 3 евра

3%, мин. 6 евра


* Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина, односно бесплатниот период од 12 месеци, во зависност од тоа кога е издадена картичката.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.



Лице за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk