• Основни информации


  • Барање


  • Општи услови


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Visa Classic Standard кредитна картичка за физички лица



Visa Classic Standard е кредитна картичка која отвoра нови можности. Прифатена насекаде во светот, се грижи за сите плаќања во земјата и во странство, нудејќи кредитен лимит кој ќе Ви обезбеди повеќе слобода во купувањето.
Вистинската виза за поудобен живот.




Предности на картичката


- без членарина за првата година од издавањето;
- една сметка за во земјата и во странство;
- добивате кредитен лимит во зависност од слободниот дел од Вашата месечна плата;
- добивате бескаматен период до 45 дена на трансакции направени на продажно место;
- можете да купувате безбедно и без провизија на милиони продажни места во светот;
- овозможува купување преку Интернет;
- ниски провизии и надоместoци за користење на картичката;
- нуди ниска каматна стапка на искористениот дел од кредитниот лимит;
- добивате дополнителни картички за Вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
- состојбите на сметките можете да ги следите од Вашиот дом, работно место или каде било во светот, преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
- можност за едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


Visa Classic Standard картичката е прифатена на 40 милиони продажни места и повеќе од 1,9 милиони банкомати во над 170 земји во светот. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на Visa картичките можете да добиете на www.visa.com.

 

Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат  советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Едноставно до Вашата нова Visa Classic Standard кредитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова Visa Classic Standard кредитна картичка:



1
Пополнете го краткото барање за Visa Classic Standard кредитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 5 работни дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

кредитоспособни физички лица на возраст помеѓу 18 и 68 години

 

Номинални каматни стапки

- 11,25% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
(референтна каматна стапка од 2,21% зголемена за 9,04%.)*
- 11,25% над износот на кредитниот лимит

Годишна членарина**

 

 

 

 

за основната
картичка

за дополнителните
картички

 

за првата година

без надомест

без надомест

за секоја следна година

900 денари

420 денари

за годишен промет над 80.000 денари

без надомест

без надомест

Надоместоци за користење

 

 

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

1,5%, мин 100 ден.

2%, мин. 150 ден.

на други банки во земјата

2,5%, мин. 150 ден.

3%, мин. 300 ден.

на други банки во странство

2,5%, мин. 250 ден.

3%, мин. 300 ден.


* Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 2,21%. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА

** Годишната членарина за сите видови картички ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Задолжувањето на поединечните сметки ќе започне во месецот кога ќе истече периодот за последната платена членарина, односно бесплатниот период од 12 месеци, во зависност од тоа кога е издадена картичката.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.



Лице за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk