• Основни информации


  • Дополнителни услуги


  • Барање


  • Општи услови


  • Барање за регистрација на клиент


  • Експозитури и филијали


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Visa Gold Standard и Visa Gold Revolving кредитни картички за граѓани



Visa Gold е престижна кредитна картичка која претставува посебен статусен симбол препознаен насекаде во светот. Со неверојатен кредитен лимит до 500.000 денари, VIP дополнителни услуги и бонус од 0,4% - можностите на Gold картичките се бесценети. Одберете ја вистинската Gold виза за Вас - Visa Gold Standard или Visa Gold Revolving и бидете дел од одбраното друштво.




Предности на картичката


- посебен ексклузивен статус;
- без членарина за првата година од издавањето;
- кредитен лимит дo 500.000 денари;
- посебен третман за корисниците преку дополнителните услуги кои вклучуваат итна исплата на готовина, итнa замена на картичка, пружање медицински и правни совети и голем број посебни попусти и бенефиции од програмата на Visa;
- награден бонус од 0,4% од месечно остварените трансакции преку уплата на удел во инвестицискиот фонд КБ Публикум - Балансиран на Ваше име;
- прифатена на милиони продажни места насекаде во светот;
- една денарска сметка за во земјата и во странство;
- можност за плаќање на рати преку минимална месечна отплата на само 20% од искористениот кредит во трговија со Visa Gold Revolving;
- добивате бескаматен период до 45 дена на трансакции направени во трговија;
- овозможува купување преку Интернет;
- добивате дополнителни картички за Вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
- состојбите на сметките можете да ги следите од Вашиот дом, работно место или каде било во светот, преку услугите Интернет банка и SMS банкарство;
- можност за едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


Visa Gold картичката е безусловно прифатена на повеќе од 20 милиони продажни места и повеќе од 1 милион банкомати во над 170 земји во светот. Нејзиното користење овозможува беспрекорен третман и исклучителни поволности, достапни единствено за членовите на Visa Gold насекаде во светот.


Подетални информации во врска со попустите и бенефициите на Visa Gold картичките можете да добиете на следниот линк. За да се информирате за најновите глобални промоции за корисниците на Visa Gold, посетете го посебниот интернет сајт на Visa International.


Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Едноставно до Вашата нова Visa Gold кредитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова Visa Gold кредитна картичка:



1
Пополнете го краткото барање за Visa Gold кредитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.  
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 5 работни дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

кредитоспособни физички лица кои исполнуваат еден од следните услови: - плата над 40.000 денари;
- вкупно нето-приходи по основ на Годишна даночна пријава над 1.200.000 денари или
- депозит во висина од 110% на кредитниот лимит, но не помал од 150.000 денари

Каматни стапки

Visa Gold Standard
- 10,50% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
- 11,25% над износот на кредитниот лимит
Visa Gold Revolving
- 10,90% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
- 11,25% над износот на кредитниот лимит

Годишна членарина*

 

 

 

 

за основната
картичка

за дополнителните
картички

 

за првата година

без надомест

без надомест

за секоја следна година

3000 денари

1500 денари

за годишен промет над 250.000 денари

без надомест

без надомест

Надоместоци за користење

 

 

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

2%, мин 200 ден.

2,5%, мин. 250 ден.

на други банки во земјата

2,5%, мин. 200 ден.

3%, мин. 300 ден.

на други банки во странство

2,5%, мин. 250 ден.

3%, мин. 350 ден.




Лица за контакт



Елена Арсова Бегиќ, Шеф на Служба за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk

Игор Андреевски, Служба за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-130
Факс: (02) 3114-232
e-mail: igor.andreevski@kb.com.mk