• Основни информации


  • Дополнителни услуги


  • Барање


  • Општи услови


  • Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

MasterCard® Platinum Standard и MasterCard® Platinum Revolving кредитни картички за физички лица



MasterCard® Platinum е престижна кредитна картичка која претставува посебен статусен симбол препознатлив насекаде во светот. Со неверојатен кредитен лимит до 600.000 денари, дополнителни привилегии и бонуси, бесплатно SMS банкарство и ексклузивни попусти во рамки на „Клубот на привилегирани“ - можностите на MasterCard® Platinum картичките се бесценети.




Предности на картичката


- Неприкосновен ексклузивен статус секаде во светот;
- Без членарина за првата година од издавањето;
- Максимален кредитен лимит дo 600.000 денари;
- Ексклузивни попусти на продажни места преку „Клубот на привилегирани“;
- Посебен третман за корисниците преку ексклузивните дополнителни услуги достапни насекаде во светот, кои вклучуваат известување за изгубени/украдени картички, итна исплата на готовина и итнa замена на картичка;
- Подарок-картичка во вредност од 1.000 денари по истекот на првата година;
- Подарок-картичка во вредност од 1.000 денари за направен промет во трговија од 200.000 денари;
- Бесплатен пристап и користење на услугите на Primeclass бизнис салонот на аеродромот во Скопје;
- Ексклузивен пристап и бесплатни услуги за сопственикот на картичката, заедно со уште еден гостин по негов избор, во VIP ложите на аеродромите во Виена и Белград;
- Бесплатно SMS банкарство;
- Прифатена на милиони продажни места насекаде во светот;
- Една денарска сметка за плаќања во земјата и во странство;
- Можност за плаќање на рати преку минимална месечна отплата на само 20% од искористениот кредит во трговија со MasterCard® Platinum Revolving;
- Добивате бескаматен период до 40 дена на трансакции направени во трговија;
- Овозможува купување преку Интернет;
- Добивате бесплатни дополнителни картички за Вашите најблиски за првата година, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
- Состојбите на сметките можете да ги следите од Вашиот дом, работно место или каде било во светот, преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
- можност за едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Користење на картичката


MasterCard® Platinum картичката е прифатена на повеќе од 35 милиони продажни места и повеќе од 2 милиони банкомати насекаде во светот на кои е истакнат знакот MasterCard®. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или од фалсификувани банкноти.


Подетални информации во врска со прифаќањето на MasterCard® картичките можете да добиете на www.mastercard.com.


Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.


За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.


Едноставно до Вашата нова MasterCard® Platinum кредитна картичка


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова MasterCard® Platinum кредитна картичка:



1
Пополнете го краткото барање за MasterCard® Platinum кредитна картичка и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или филијала на Банката.
3
Ја подигнувате Вашата нова картичка во рок од 5 дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

кредитоспособни физички лица кои исполнуваат еден од следните услови:
- плата над 70.000 денари;
- вкупно нето-приходи по основ на Годишна даночна пријава над 1.500.000 денари или
- депозит во висина од 110% на кредитниот лимит, но не помал од 200.000 денари
- промет во трговија со други кредитни картички за физички лица издадени од Банката од најмалку 600.000 денари за последните 12 месеци.

Каматни стапки

MasterCard® Platinum Revolving
- 10,40% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
- 11,25% над износот на кредитниот лимит
MasterCard® Platinum Standard
- 10,40% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
- 11,25% над износот на кредитниот лимит

Годишна членарина*

 

за основната
картичка

за дополнителните
картички

 

за првата година

без надомест

без надомест

за секоја следна година

3600 денари

1800 денари

за годишен промет над 600.000 денари

1.200 денари

600 денари

Надоместоци за користење

 

на банкомати

на шалтери

на Банката

2%, мин 250 ден.

2%, мин. 250 ден.

на други банки во земјата

3%, мин. 300 ден.

3%, мин. 350 ден.

на други банки во странство

4%, мин. 500 ден.

4%, мин. 500 ден.