Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Совети за безбедно користење на картичките

 

 

Вашата картичка од Комерцијална банка е безбеден начин да располагате со Вашите пари. Сепак, бидејќи ние секогаш приоритет ù даваме токму на безбедноста, издвоивме неколку совети кои ќе Ви помогнат при секојдневното користење на картичките.

 

 

 

 

Кога ќе ја добиете картичката

 

  • Веднаш потпишете ја картичката на нејзината задна страна.
  • Запомнете го PIN кодот - никогаш не го запишувајте.
  • Не го откривајте PIN кодот никому.

На врвот ^

 

 

 

Дома

 

  • Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
  • Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте го Центарот за авторизација при Службата за банкарски картички на (02) 3 247 474.
  • Чувајте список од броевите на сите Ваши картички.

 

На врвот ^

 

 

На банкомат

 

  • Осигурајте се дека никој не стои премногу блиску до Вас додека сте пред банкоматот.
  • Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
  • Покријте ја Вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
  • На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете Вашата картичка.

На врвот ^

 

 

 

На продажни места

 

  • Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на PIN кодот и Вашиот потпис.
  • Осигурајте се дека продавачот Ви ја вратил картичката и Вашата копија од потврдата за трансакцијата.
  • Чувајте ја картичката близу до Вас и внимавајте на џепчии.
  • Покријте ја Вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

 

На врвот ^

 

 

 

Додека патувате

 

  • Пред да појдете на пат, проверете го датумот на истекување на картичката и осигурајте се дека имате доволно расположливи средства на сметката.
  • Забележете го бројот на Центарот за авторизација при Службата за банкарски картички (02) 3 247 474.
  • Чувајте ја картичката одвоено од готовината - во случај на губење да не ги изгубите и двете.
  • Направете фотокопии од картичката и од пасошот и чувајте ги копиите на безбедно место.
  • Следете ги сите совети за безбедност при купување со картичка на продажно место и подигнување готовина од банкомат.

На врвот ^

 

 

 

При купување на Интернет

 

  • Купувајте само од интернет сајтови на проверени компании во кои имате доверба.
  • Препорачуваме да купувате од интернет-сајтови кои ја имаат ознаката Mastercard SecureCode® или Verified by Visa. Интернет продавниците кои не ја поседуваат оваа ознака го немаат 3D Secure стандардот и како такви носат зголемени ризици од можна злоупотреба.
  • Никогаш не го внесувајте PIN кодот - тој никогаш не е потребен за вршење на нарачка.
  • При вршење на нарачка преку Интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација CVC или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
  • Осигурајте се дека интернет страницата на која ги внесувате податоците од Вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет адресата започнува со https:// наместо со http://.
  • Водете евиденција за интернет сајтовите од кои купувате. Многу интернет продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката - чувајте ја пораката и испечатете примерок од неа. Ова ќе ви помогне при проверка на изводот, а корисно е и во случај на рекламација.
  • Не користете јавен компјутер. Доколку сепак купувате преку јавен компјутер, не го користете копчето „remember me“ (запамети ме) и одлогирајте се откако ќе завршите со нарачката.
  • Никогаш не испраќајте податоци за Вашата картичка доколку не сте ја иницирале Вие нарачката.
  • Проверете ги условите за продажба и откажување на нарачката, бидејќи при меѓународни плаќања е можно да бидете изложени на дополнителни царински и други трошоци.
  • Доколку ја откажувате нарачката по плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на нарачката, како би избегнале плаќање за веќе откажана нарачка.
  • Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.
  • Доколку добиете известување за дополнителна автентикација со еднократен код од 3DES Secure безбедносниот систем, истиот ќе Ви биде испратен во СМС порака на телефонскиот број што сте го пријавиле во Банката. Откако ќе го добиете овој верификациски код, потребно e да го внесете во прозорецот кој ќе се отвори на интернет-страницата со цел да се реализира плаќањето.

На врвот ^

 

 

 

Промена на PIN код на банкомат

 

  • При промена на PIN кодот на банкомат внимателно одберете го новиот PIN код.
  • Банката препорачува новиот PIN код да не содржи броеви од датумот на раѓање, низа на броеви, четири исти броеви како на пример: 0000, 1111,1234.
  • Запомнете го новиот PIN код - никогаш не го запишувајте или кажувајте на друг.

На врвот ^

 

 

 

Центар за авторизација

Телефон: (02) 3247-474

Факс: (02) 3114-232

Работно време: 24 часа, секој ден од неделата