• Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Основни информации за кредити за физички лица



Комерцијална банка АД Скопје одобрува кредити на кредитоспособни физички лица државјани на Република Македонија. Кредитите се исплатуваат во денари.

При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот на треба да надминува 70 години, освен за кредитите кои се целосно обезбедени со депониран депозит во Банката и за кредитите за пензионери. Исто така, при доспевање на последниот ануитет, возраста на жирантите не смее да надминува 62 години за жени и 64 години за мажи.

На денот на поднесување на барањето за кредит, барателите на кредитот и жирантите не смеат да имаат доспеани, а неподмирени обврски кон Банката.

Барателите за кредит и жирантите е неопходно да имаат уредна кредитна историја во Банката и Кредитниот регистар на НБРМ најмалку 6 месеци наназад  односно  во роковите на достасаност  да ги измируваат обврските  по сите основи.,,

Барање за кредит може да се подигне и да се поднесе во Скопје - во Централата на Банката и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

Во зависност од намената на кредитот, средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитобарателот или, пак, на трансакциската сметка на продавачот.

При користењето на кредитот се наплатува надомест за аплцирање и обработка на барањето за кредит, надомест за одобрување и администирање на кредит и интеркаларна камата за периодот од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка по која е одобрен кредитот.

Кредитите се отплаќаат во еднакви месечни ануитети кои доспеваат секој 16 во месецот.
 
За кредитите обезбедени со залог на подвижен и недвижен имот, потребна е Полиса за осигурување на имотот винкулирана во полза на Банката за целото времетраење на отплатата на кредитот.

Одберете го кредитот кој е соодветен на Вашите потреби:

Станбени кредити


Други наменски кредити



Ненаменски кредити



Ненаменски кредити со залог



Рамковен револвинг кредит

Лица за контакт



Марија Србиновска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-136
Факс: (02) 3220-987
e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk

Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk