• Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Бесконтактно плаќање со картички



Плаќање за една секунда

 

Отсега со картичките на Комерцијална банка можете да плаќате на најсовремениот начин кој се користи во светот – бесконтактното и за само една секунда.

 

Бесконтактната технологија е наједноставниот начин да платите со картичка на продажни места, брзо, едноставно и безбедно.

 

На оние продажни места каде е овозможено, секое купување во износ до 750 денари со MasterCard бесконтактни картички, односно до 1.100 денари со Visa бесконтактни картички, можете да го платите со едноставно доближување на картичката до продажниот терминал и плаќањето ќе биде завршено – без да внесувате ПИН код или да потпишувате потврда.

 

Бесконтактниот начин на плаќање со картичките на Комерцијална банка е овозможен за секоја поединечна трансакција до 750, односно 1.100 денари (зависно од брендот на картичката). За секоја трансакција над тој износ ќе треба да го внесете Вашиот ПИН код или да ја потпишете потврдата, како што вообичаено правите при плаќање со картичка.

 

Бесконтактното плаќање функционира на посебно означени продажни места кои се опремени со оваа современа и безбедна технологија. Бројот на ваквите продажни објекти во Македонија и во светот веќе е голем, но и постојано се зголемува.

 


КАДЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ БЕСКОНТАКТНИТЕ КАРТИЧКИ?


Бесконтактните картички можете да ги користите секаде каде што ќе забележите некој од симболите за бесконтактно плаќање (contactless payment):

koristenje

 

 

Бесконтактните картички се широко прифатени кај голем број трговци. Очекувајте да видите некој од овие симболи во ресторани, кафулиња, бензински станици, продавници од секаков вид, супермаркети и на многу други места.

Сѐ повеќе трговци се во исчекување на воведување терминали за бесконтактно плаќање во нивните продавници, со цел да се зголеми брзината и ефикасноста за нивните клиенти.

КАКО ДA ГИ КОРИСТИТЕ БЕСКОНТАКТНИТЕ КАРТИЧКИ?


postapka

 

 

1. Забележете го симболот

Бесконтактното плаќање можете да го вршите со Вашите бесконтактни картички од Комерцијална банка секаде каде што ќе ги забележите „PayPass“, „PayWave“ или „contactless“ логоата.

2. Доближете ја картичката до терминалот

Кога терминалот ќе биде подготвен, доближете ја или допрете ја Вашата картичката до терминалот овозможен за бесконтактни плаќања на кој е означен симболот за бесконтактно плаќање (contactless). Нема потреба да ја ставате или да ја провлечете Вашата картичка на ПОС терминалот.

3. Процесирање на трансакцијата

Почекајте неколку секунди додека терминалот реагира со зелено светло или со звучен сигнал. Нема да Ви биде побарано да го внесувате ПИН-от или да потпишувате за извршување на трансакцијата.

4. Одобрување

Откако ќе биде одобрено, Вашето плаќање е извршено.


ЗОШТО ДА ГИ КОРИСТИТЕ БЕСКОНТАКТНИТЕ КАРТИЧКИ?


prednosti

 

 

Брзо и лесно - нема повеќе да се најдете во ситуација да пребарувате и да ракувате со готовина и да чекате сметка за остварената трансакција. Овој начин на плаќање е совршен за мали набавки и помага да се намалат редовите пред касите, бидејќи целата трансакција трае само неколку секунди, оставајќи Ви повеќе време за исполнување на Вашите други обврски. Едноставно доближете ја или допрете ја бесконтактната картичка до терминалот за бесконтактни плаќања и трансакцијата ќе биде извршена во истиот момент.

Едноставно за употреба - Со еден едноставен допир и без потреба од внесување ПИН или потпишување за остварената трансакција со вредност под 750 денари (со MasterCard картичка) или 1.100 денари (со Visa картичка), ќе бидете изненадени колку е лесна трансакцијата.

Безбедно - Вашата картичка останува во Вашите раце во текот на трансакцијата, заштитувајќи Ве од измама и злоупотреба, исто како што сте заштитени и при плаќања со помош на внесување ПИН код и постоењето на чипот на картичките. Заради дополнителна безбедност, некогаш може да Ви биде побаран ПИН код.


 

Во моментов бесконтактното плаќање е овозможено со следните картички на Комерцијална банка:

 

Забелешка: Постарите верзии од наведените картички не ја содржат бесконтактната технологија. Доколку поседувате постара картичка, истата можете без надомест да ја замените за бесконтактна во експозитурите на Комерцијална банка.

 

Бесконтактните картички изгледаат исто како и досегашните банкарски картички (имаат безбедносен чип, се користат на банкомат итн.), но дополнително се опремени и со технологија за бесконтактно плаќање. Содржат вградена антена во пластиката, која при доближување до посебно наменет терминал безбедно ја пренесува информацијата за извршувањето на трансакцијата.

 

Технологијата која ја користат картичките е со највисоко ниво на безбедност. Уникатната енкрипција за секое купување ги штити Вашите трансакциски податоци, а картичката никогаш не ја напушта Вашата рака, намалувајќи го ризикот од губење, измама или фалсификување. Воспоставени се и посебни заштитни мерки во случај двапати да ја доближите или допрете картичката до терминалот, кои гарантираат дека трансакцијата ќе Ви биде наплатенa само еднаш.

Бесконтактната технологија е базирана на глобални стандарди за безбедност. Називот „PayPass“ го користат MasteCard бесконтактните картички, додека истата технологија кај Visa бесконтактните картички се нарекува „PayWave“.

 

За сите прашања во врска со користењето и технологијата на картичките погледнете го делот со најчесто поставувани прашања.



Лица за контакт



Марија Србиновска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-136
Факс: (02) 3220-987
e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk

Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk