• Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Платен промет со странство



Наплатите и плаќањата се вршат со ефективни странски пари и со вообичаените инструменти на меѓународниот платен промет – дознака, инкасо документи, акредитив, чекови и други инструменти на безготовинско плаќање.

Сите активности од платниот промет со странство се вршат согласно Законот за девизно работење, Упатството за начинот на вршење на платниот промет со странство и Одлуката за начинот на вршење на платниот промет со странство.




Наплати од странство со инструмент дознака


Наплатата од странство се одобрува на сметката на корисникот на денот на валутата или најдоцна наредниот работен ден. За користење на девизните средства, потребно е Банката да се информира за видот на трансакцијата.

Средствата од пристигнатите приливи можат да се користат за плаќање во странство, за службен пат во странство, за подмирување на обврски или да се изврши продажба на истите на девизниот пазар.

 Генерално овластување
 Инструкции за наплата

На врвот ^

Плаќања во странство со инструмент дознака


Пристигнатите средства како наплата од странство, купените девизни средства на девизниот пазар или девизниот кредит, може да се искористат за плаќање во странство. При плаќањето во странство или во корист на тековната сметка на нерезидент во земјата, резидентот - домашното правно лице до Банката поднесува уреден налог за плаќање кој подразбира:
  • Правилно пополнет и потпишан налог за плаќање (образец 1450);
  • Обезбедено покритие кај Банката;
  • Соодветен пропратен документ


Налозите за плаќање (Обр. 1450) може да се достават лично или да се овласти Банката да ги изготви истите во име и за смeтка на клиентот, врз основа на претходно овластување.

 Генерално овластување
 Инструкции за плаќање

На врвот ^


Ефективни странски пари


Наплати и плаќања во ефективни странски пари, клиентите може да вршат врз основа на документација во сите експозитури и филијали на Банката.

Доставената документација потребно е да биде во согласност со Одлуката за условите и начинот под кои резидентите можат да вршат наплати и плаќања во ефективни странски пари во трансакции со нерезиденти.






Лица за контакт



Марија Србиновска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-136
Факс: (02) 3220-987
e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk

Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: elena.arsova@kb.com.mk