Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

3D Secure безбедно online плаќање

 


Дополнителна заштита на Вашите интернет трансакции со картички

 

3D Secure е безбедносен систем кој овозможува зголемена безбедност при интернет трансакции со картички.

 

3D Secure системот врши автоматска компјутерска анализа на секое Интернет плаќање со цел да се осигури дека вистинскиот сопственик на картичката ја иницира трансакцијата. Со таквата позадинска проверка се овозможува дополнителна заштита на клиентите и се спречува злоупотребата пред таа да се случи.

 

3D Secure е препознаен како највисок меѓународен стандард за заштита на интернет трансакции. Механизмот на 3D Secure е насочен кон заштита од кражба на идентитетот на корисниците на картичките и заштита од злоупотреба на податоците од картичката (бројот на картичка, датумот на истекување и CVC/CVV2 кодот).

                                                            

Заштитата се случува во реално време и при секоја интернет трансакција. Сервисот се користи при купување од кој било компјутер, таблет или мобилен телефон. Не Ви се потребни лозинки што треба да ги запомните, не е потребна никаква дополнителна опрема или специјален софтвер.

 

3D Secure протоколот кај Mastercard каричките се применува под името Mastercard SecureCode®, додека кај Visa картичките под името Verified by Visa.                

MasterSecure
VisaSecure

Голем број домашни и светски интернет продавници (сајтови) се сертифицирани и ја поддржуваат 3D Secure технологијата. Се препознаваат по тоа што на својата веб-страница ја имаат објавено ознаката Mastercard SecureCode® или Verified by Visa, која укажува дека веб-страницата е легална и безбедна за интернет купување.

 

 

 

Услугата е бесплатна

 

3D Secure услугата е целосно бесплатна за сите корисници на Mastercard® и Visa картички издадени од Комерцијална банка АД Скопје и за неа не се наплаќа никаква претплата или провизија.

 

Со нејзиното воведување, Банката на клиентите им овозможува дополнителна сигурност од евентуални злоупотреби и безгрижно користење на картичките на Интернет.

 

Сите Mastercard® и Visa картички на Комерцијална банка, кредитни и дебитни, се автоматски регистрирани за овој вид заштита. Не е потребно регистрирање или поднесување барање до Банката.

 

 


Како функционира?

 

При овој метод на автентификација, постапката за купување на Интернет тече вообичаено.

 

Меѓутоа, доколку системот (врз база на вештачка интелигенција) процени дека одредена трансакција е ризична или нестандардна за корисникот, истата нема да се реализира и клиентот ќе добие известување дека треба да ја контактира Банката за да ја овозможи трансакцијата.

 

Ова значи дека не сите интернет трансакции се подложни на верификација преку контакт со Банката. Дополнителна проверка се врши единствено при оние трансакции кои ќе бидат оценети како ризични.

 

Пораката што се појавува на екранот при процесирање на интернет трансакцијата со 3D Secure е следната:

 

visa2

 

 

Доколку е сѐ во ред, трансакцијата се реализира за неколку секунди и пораката на екранот се затвора.

 

Во случај на ризична трансакција, истата нема да се реализира и клиентот ќе биде известен да се јави во Центарот за авторизација на Комерцијална банка на телефонскиот број 02/3247-474 кој работи 24 часа на ден и секој ден од неделата.

 

 


Најчесто поставувани прашања

 

Што добивам од оваа технологија?

3D Secure ја штити Вашата картичка од неавторизирани трансакции и Ви овозможува целосна доверба додека пазарувате на Интернет.

 

Дали користењето на 3D Secure се наплаќа?

3D Secure услугата не се наплаќа. Овозможена е бесплатно за сите корисници на Mastercard® и Visa картички издадени од Комерцијална банка АД Скопје и за неа не се наплаќа претплата или провизија.

 

Каде можам да пазарувам со оваа дополнителна сигурност?

Интернет-сајтовите кои ја овозможуваат оваа технологија ги имаат ознаките Mastercard SecureCode® или Verified by Visa.

 

Дали интернет продавниците кои ја немаат ознаката Mastercard SecureCode® или Verified by Visa треба да се избегнуваат?

Интернет продавниците кои ги немаат овие ознаки го немаат 3D Secure стандардот, не овозможуваат автентикација на трансакцијата и како такви носат зголемени ризици од можна злоупотреба.

 

Зошто ни е потребна оваа нова заштита? Зарем Комерцијална банка не ја сфаќаше сериозно мојата безбедност и до сега?

За Комерцијална банка Вашата безбедност е секогаш највисок приоритет. 3D Secure, односно Mastercard SecureCode®  и Verified by Visa, е највисок меѓународен стандард за заштита кој Комерцијална банка го воведе како дополнително ниво на безбедност, а со цел да Ви овозможи целосна доверба додека пазарувате на Интернет.

 

Добив e-mail од Mastercard SecureCode®/Verified by Visa sо кој ми бараат да ги ажурирам податоците. Дали е тоа во ред?

Mastercard SecureCode®, Verified by Visa и Комерцијална банка АД Скопје никогаш нема да Ви испратат e-mail со барање да ги ажурирате своите податоци од која било причина. Ако добиете таков e-mail, тоа е обид за измама и треба веднаш да пријавите во Банката на телефонскиот број кој се наоѓа на заднината на картичката (02/3247-474).

 

 

Совети за безбедно купување на Интернет



Лице за контакт



Центар за авторизација,
Работно време: 24 часа, секој ден од неделата

Телефон: (02) 3247-474
Факс: (02) 3114-232