Берзанско посредување
Нашата банка посветува посебно внимание во посредувањето при купопродажба на хартии од вредност на Македонската берза.
За тргувањето со хартии од вредност потребни се следните документи:
- Лична карта;
- Трансакциска сметка во една од банките во Република Македонија.
Врз основа на наведената документација се изработува Општ договор за соработка.
Во случај на купување хартии од вредност, потребно е лицето претходно да ги обезбеди средствата потребни за реализација на трансакцијата, а во случај на продажба, лицето има обврска да достави потврда за сопственост на хартиите од вредност од Централниот депозитар за хартии од вредност. Потоа лицето дава налог за тргување (купување или продавање) на одредена хартија од вредност.
Општите услови на Комерцијална банка АД Скопје за работење со хартии од вредност и Тарифникот, можете да ги преземете од следните линкови:
Лица за контакт
Михајло Брова ЗиковТелефон: (02) 3218-221; (02) 3218-228; (02) 3107-502Факс: (02) 3111-037; (02) 3218-222e-mail: e-mail: